Промени тема
За нас
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев
Претрес во кочанската болница и противпожарна бригада - разговор со обвинетиот обезбедувач Захариев

Герасимовски: Набавуваме две нови цистерни и пет метларки за хигиената никогаш повеќе да не зависи од каприци и политички одлуки

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-library1vj4aggm6ov32ESlw3r

Првиот човек на Општина Центар и кандидат за градоначалник, Горан Герасимовски, кандидатката за градоначалник на Скопје, Каја Шукова и претседателот на СДСМ Венко Филипче, го посетија новиот општински депо-простор и ги разгледаа плановите за почиста и поуредна општина. При посетата, Герасимовски ја презентираше новата механизација и дополнителната опрема, како дел од заложбата Центар самостојно да ја одржува хигиената и паркинг сервисот.

— реклама —

Во следниот мандат планирам дополнително да ја зајакнеме механизацијата со набавка на две нови цистерни и пет метларки, за да му го вратиме сјајот на Центар што го паметиме од нашето детство, кога секое утро улиците се миеја со цистерни. Имаме врвно претпријатие за хигиена и паркинг-сервис. Пример за тоа е новото депо, современ простор на површина од 2.250 м² со зголемена безбедност, видео-надзор и нови контролни рампи со безжично управување. Ќе направам се Центар повеќе да не зависи од никого кога станува збор за одржување на хигиената. Имаме одлична база , мотивирани работници со солидни плати и со одлична организација. Центар е единствената општина што улиците ги чисти со шмркови и што секојдневно мете со метларки“, рече Герасимовски.

— реклама —


Тој нагласи дека веќе се преземаат конкретни мерки. Минатата недела, поради постојаното потфрлање на ЈП „Комунална хигиена“, Општина Центар изнајми ѓубретарки со голем капацитет за собирање и транспорт до депонија, мала цистерна, специјализирана метларка, возило-цистерна за миење и перење улици, возило за подигање и транспорт на метални контејнери и машина за бележење на хоризонтална сигнализација.

Контејнерите за кабаст отпад се веќе поставени на клучните локации во Центар, а механизацијата е целосно оперативна, посочи градоначалникот.

Герасимовски истакна дека само со добра координација меѓу градот и општината може да се спроведат програмските приоритети кои им се заеднички: чист град, користење соларни извори на енергија и урбанистичко планирање и инфраструктура базирана врз еколошки вредности.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library4jua1lds8vh56NQ3U2w

Герасимовски положи свежо цвеќе по повод 11 Октомври: Наша должност е да го негуваме аманетот на борците, за слобода, праведност и достоинство

Скопје | пред 5 месеци

media-librarymjl64gvgqj8edoLypeE

Герасимовски додели сертификати на наставниот кадар: Наставниците ги учат младите да бидат чесни, одговорни и добри луѓе

Скопје | пред 5 месеци

media-library2rgdb93rmj846Ex6sOa

Герасимовски заедно со советниците и хигиеничарите ја чистеа дивата депонија во Крњево

Скопје | пред 5 месеци

media-librarytp5r13idv7vddJrFsdU

Герасимовски: Продолжува проектот „Сервис за стари лица“ , поддршка за 90 пензионери во Центар

Скопје | пред 5 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања