Промени тема
Контакт

Герасимовски: Граѓаните да не си ги трошат парите на диви инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 години -

Скопје

Инспекциските служи на Општина Центар денеска отстранија застаклен објект на државно земјиште кој не поседува одобрение за поставување времени објекти согласно чл. 81. Станува збор за објект на улицата „Железничка“ близу ресторанот Љуц. Градоначалникот Горан Герасимовски на отстранувањето на објектот истакна дека законските прописи мора да се почитуваат од сите чинители во општината.

„Сите диво поставени објекти, доградби тераси, платформи без одобрение ќе бидат отстранети. Апелирам до граѓаните да не си ги трошат парите на инвестиции кои во иднина ќе бидат отстранети на нивна сметка. Денеска се отстранува овој објект кој е со димензии 3.80x2.20 метри но и други нелегално изграден објекти како дрвена платформа и челична настрешница на улица „Црвена Вода“ бр. 4 близу Броз Кафе, метална врата на ул. „Мајаковски“ близу пекарата Силбо во Дебар Маало која беше поставена на државно земјиште“, истакна Герасимовски.

— реклама —
— реклама —

Герасимовски објави дека има нерегуларности и со 30 жардиниери на улица „Антоние Грубишиќ“. Истите ја попречуваа пешачката патека, општинските служби ги залепија до локалот со цел нејзино ослободување и наложија во рок од 3 дена истите да се внесат внатре. За утре Герасимовски најави дека инспекторските служби најавуваат отстранување помошен објект-гаража на улица „Кеј 13 ноември“ бр74 и доградба на тераса и метална врата на улица „Дебарца“.

— реклама —

Инспекциските служби на Општина Центар ќе продолжат со спроведување на зачестените инспекциски контроли со цел почитување на законите и решавање на проблемите на граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 1 месец

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања