Промени тема
Контакт

Герасимовски ќе реконструира 14 улици во првата година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, во денешното гостување на утринската програма на Сител ТВ „Ја сакам Македонија“, најави инфраструктурна градежна офанзива во општината. Во првите 7 месеци од годината реконструирани се 5 улици: „Орце Николов“, ул. „Јордан Хаџи Константинов Џинот“, ул. „Црвена вода“, ул. „ Дебарца“ и ул. „Светиниколска“ во Маџир Маало, со вкупна површина од 7600 м2.

„Може да се пофалиме дека првите седум месеци имаме 5 реконструирани улици. Ветив дека за оваа година ќе имаме 14 и не секогаш сѐ зависи од нас, вклучително и брзината на работењето. Во моментов се реконструираат неколку улици во ваша близина, но поради врнежливото време, една недела не можеше да се асфалтираат, поради што беа стопирани градежните работи. Но од денеска се продолжува и за брзо време и тие ќе бидат реконструирани“, изјави Герасимовски.

— реклама —
— реклама —

Герасимовски истакна дека во моментов општината работи на реконструкција на уште седум други улици меѓу кои ул. „Партизанска“, ул. „Ристо Шишков“, ул. „Станбена улица три“, ул. „Станбена улица два“ и пристапна улица „102 а“ ( сите три ја сочинуваат „Адвокатската улица“), ул. „Петар Поп Арсов“, ул. „Рајко Жинзифов“, а наскоро започнува и првата фаза од реконструкциите на улиците „Козара“ и „Ленинова“.

— реклама —

Општина Центар интензивно работи на инфраструктурните проекти, со цел да обезбеди безбедност на улиците како за учесниците во сообраќајот, така и за пешаците.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 1 месец

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања