Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Герасимовски: На Меѓународниот ден на поезијата го славиме поетското дело на великанот Петре М. Андреевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
Gerasimovski-vo-360

По повод Денот на поезијата – 21 март, Општина Центар и Здружението Форум за човекови права-Скопје, заеднички го реализираа проектот „Омаж за Петре М. Андреевски по повод 90 години од раѓањето – Расветлување на неговиот животопис и творечки опус“. Проектот е во рамки на Конкурсот на Општина Центар од областа на културата.

— реклама —

Денот на поезијата е од особено значење не само за поетите, туку е празник и за читателите. Читателската публика, како љубител на поезијата на М. Андреевски, која претставува уметност од зборови. Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски истакна дека делата на Петре М. Андреевски се дел и од колективната меморија на граѓаните.

„Денеска го славиме Светскиот Ден на поезијата. Но, во исто време годинава чествуваме 90 години од раѓањето на великанот на македонското литературно творештво, Петре М. Андреевски. Неговите песни, романи, драми сме ги прочитале милион пати. Тие станаа дел од нашата колективна меморија. Стиховите и мислите на Андреевски се автентични и длабоко македонски. Неговите дијалози ги кажуваат безвременските вистини за тоа кои сме и што сме. Мали а во исто време големи! Ранливи а во исто време непокорни и неуништливи! Пркосниот Пиреј, безвременската Дениција, исконската Касни Порасни, се мојот омилен избор кога зборувам за Андреевски. Тоа се дела со кои пораснав, од кои многу научив и на кои постојано се навраќам. Голема чест ми е што токму денеска на овој ден посветен на поезијата се потсетивме на големиот македонски автор“ истакна Герасимовски.

— реклама —

На настанот беше прикажан документарниот видео запис во чест на Петре М. Андреевски кој важи за еден од најпопуларните македонски поети и раскажувачи на сите времиња, романописец, есеист и драмски автор чии дела претставуваат вистински аманет за македонското творештво.

Во документарните записи беа прикажани архивски видео записи од самиот Петре М. Андреевски, видео инсерти во кои се говори за неговиот живот и творечки опус од членови на семејството, ќерката Деница Андреевска Богданова и од неговите современици: Матеја Матевски, Мирче Нешовски, Цветан Враживирски.

За значењето и придонесот на неговото поетско дело свои обраќања покрај градоначалникот Герасимовски имаа и проф. д-р Кристина Николовска, редовен професор на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ. Дел од неговите дела и денеска издавачка куќа Три ги изложи на настанот.

Музичка преработка со уметнички призвук во интерпретација на Џина Папас Џокси предизвика воодушевување, како спој од стиховите на песна од збирката поезија „Дениција“ на Петре М. Андреевски. Во негова чест вечерва во Музејот на Македонската борба за самостојност ќе биде одржана Манифестација “Моќта на поезијата” организирана од Здружението на пензионери на Општина Центар и Здружението на просветни работници на Град Скопје.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-libraryrb06ngi121nf8ENVgiJ

Герасимовски – Варнс: Со САД како партнер, чекор поблиску до нови можности и развој на Општина Центар

Скопје | пред 4 дена

299300548_1509089779544340_5740019662609878792_n

Герасимовски: Инспекторите се на терен, санкции за сите што немаат одобрение за урбана опрема

Скопје | пред 2 седмици

media-libraryplnivtkh5g642Kn3lO4

Герасимовски: Салата „Работнички“ ги отвори вратите за македонските репрезентативци, очекуваме победа во петок против Луксембург

Спорт | пред 2 седмици

media-library4n3r99gqskc8d7Lz4L9

Герасимовски: Салата Работнички ќе го носи името на легендарниот Лазар Лечиќ

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања