Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски наместо да го среди урбаниот хаос, мижи пред тоа што им се случува на центарци, обвинува опозицијата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
WhatsApp-Image-2021-09-24-at-12.41.41

Општинските власти раководени од кадрите на ДУИ и СДСМ се симбол за неработење и лажни ветувања. Затоа нема ни отчет за сработеното, ниту пак нешто се работи на терен. Се што ветија останува на хартија, затоа што се неспособни и неодговорни, вели ВМРО-ДПМНЕ.

— реклама —

„Градоначалникот на општина Центар Горан Герасимовски, кој доаѓа на оваа позиција како наследник на Богдановиќ и Жерновски наместо да го среди урбаниот хаос во Центар, продолжи таму кај што застанаа неговите претходници. Во општина Центар владее урбанистичко дивеење и локалната власт миже пред тоа што им се случува на центарци. Новите објекти кои никнуваат на Водно ги гледаат сите, само не надлежните служби на општината. За тоа е одговорен Герасимовски, подеднакво колку и неговите претходници.

— реклама —

За се што ветија, како намерно обратно да прават.

Во Валандово говореа дека ќе спречат иселување на младите, а токму сега се случува егзодус на младите од општината. Ниту има економска перспектива, ниту вработувања ниту инвестиции. Единствено само го поскапеа животот и давачките на граѓаните.

— реклама —

Во Дојран пак, пред изборите ветуваа капитални инвестиции, почнаа работни активности и на крајот останаа само дупки и нечепнати проекти. Наместо канализација во селото Црничани има 3 отворени шахти. Во Фурка наместо канализација останаа дупки, а во Ромската маала отпадните води течат по улица. Ете ова е резултатот од нивното неработење. Полни усти ветувања во време на кампањата, после ги нема 4 години, а пред крајот на мандатот почнуваат нешто колку да замачкаат очи.

— реклама —

Тоа е потценување на народот“, се вели во соопштението.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања