Промени тема
Контакт

Герасимовски: „Нож и виљушка на европска чинија“ во Центар, добра храна, музика и дружење до полноќ

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-librarymcfkicghqdk22iVkfUC

Во Паркот на Франкофонијa денеска се одржува манифестацијата „Нож и виљушка на европска чинија“ – гастрономски и музички настан поддржан од Општина Центар.

„Оваа манифестација прерасна во препознатлив симбол на дружење и размена на култури. И овојпат имаме голема посетеност и интерес, голем број граѓани и европски гости, и се разбира, добра атмосфера, музика и гурмански специјалитети. Годинава настанот го посветуваме на 9 Мај, Денот на Европа и 50 годишниот јубилеј на Општина Центар“, порача градоначалникот Горан Герасимовски.

— реклама —
— реклама —

Во текот на целиот ден посетителите можea да дегустираат домашни и европски специјалитети, како и пијалоци на штандовите поставени во паркот, истовремено уживајќи во разновидната музичка програма која почна со настапот на детската група „Поточиња", по што следуваа диџеј настапи и блуз, па сè до доцните ноќни часови со „Куку Леле" и „Илче Брас Левис Бенд".

— реклама —

Со оваа манифестација Општина Центар уште еднаш ги обедини граѓаните во срцето на Скопје, нудејќи им содржини кои ја креваат културата во градот на едно поквалитетно и поавтентично ниво.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 1 ден

gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања