Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Герасимовски оди да разговара со граѓани на терен, така ќе ги дознава и решава проблемите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
2021_0928_11000800

Kонтинуираната комуникација со граѓаните носи конкретни решенија за предизвиците во општина Центар. Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата вели дека општината ќе биде отворена за сите предлози, иницијативи и барања од граѓаните затоа што тие се вистинските креатори на развојните политики во општината.

— реклама —

„Комуникацијата со граѓаните е исклучително важна за спроведување на вистинските политики на секоја локална самоуправа. Оттука лично се залагам Општина Центар да биде отворена за секоја потреба на граѓаните. Мојот план е воведување на дигитален онлајн систем за директен контакт на градоначалникот и советниците со една цел, брза и ефикасна размена на информации за услуги. Преку тој систем граѓаните би имале увид во процесот на реализација на нивните иницијативи, предлози или предлог решенија за проблемите. Но за да биде тој процес комплетен ќе ја задолжам општината и локалните сектори да им одговорат на граѓаните во рок од 10 дена“, изјави Герасимовски на денешната прес конференција пред општината.

Герасимовски исто така потенцираше дека редовната комуникација со граѓаните ќе создаде систем за брза реакција на проблемите во општината за долгорочно планирање и развој. За таа цел ги повика граѓаните на конструктивни критики и пофалби за Центар да стане општина каква што ја посакуваат.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања