Промени тема
Контакт

Герасимовски: Општина Центар обезбеди 4 милиони денари за новороденчиња

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryqj1v498o62iheBZfGQk

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски по повод Меѓународниот ден на семејството информираше за мерките и иницијативите на Општина Центар насочени кон поддршка на семејствата, децата и повозрасните граѓани.

Од Општината посочуваат дека посебен фокус е ставен на младите семејства, преку зголемување на финансиската поддршка за новороденче од 7.000 на 10.000 денари.

— реклама —

За оваа мерка во буџетот за 2026 година се издвоени околу 4 милиони денари, а од почетокот на годината досега се исплатени 696.681 денар.

„Семејството е темел на нашето општество и затоа континуирано вложуваме во мерки што директно го олеснуваат секојдневието на секој родител. Ги повикувам сите што имаат принова, да се пријават и да ја искористат поддршката за новороденче“, изјави Герасимовски.

— реклама —

Од Општина Центар најавуваат и изградба на нова градинка во близина на Клиничкиот центар, со цел да се одговори на потребите на семејствата од тој дел на општината.

— реклама —

Покрај мерките за младите семејства, Општината продолжува и со поддршка за пензионерите преку зголемување на еднократната помош на 5.000 денари, како и со дополнителни активности за подобрување на нивната социјална сигурност и квалитет на живот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 1 ден

gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања