Промени тема
Контакт

Герасимовски: Собрани 3 големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери, интензивно го расчистуваме сметот во Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Скопје
gerasimovski

Градоначалникот Горан Герасимовски, информира дека хигиеничарите на општината со целата механизација при денешното чистење собрале 3 големи контејнери за кабаст отпад и 25 помали контејнери откако ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт потфрлија и направија колапс и криза со хигиената во Скопје.

„Интензивно чистиме во сите населби во Центар! Од рано изутрина, почнавме со чистење позади Капиштец, Водно, продолжуваме на повеќе локации во Дебар Маало, Кочо Рацин, Пролет позади Даре Џамбаз. Дел по дел, маало по маало, го расчистуваме целиот смет. Работиме во две смени, со активираност на целата механизација со која располагаме. Изминатава година постојано апелиравме за хигиената, но ги засукавме ракавите и чистиме и онаму кадешто општината нема надлежност, затоа што граѓаните заслужуваат чисти улици и празни контејнери без смет”, вели Герасимовски.

— реклама —

Тој, информира дека ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад.

— реклама —

„Реализираме нов начин на дистрибуција и депонирање на сметот. Викендов спроведуваме дератизација во училиштата и градинките. Во тек е вонредна дератизација, кадешто во сите 1980 шахти се фрла сертифициран препарат, но потребно е да се изврши и дератизација во сите згради. За тоа, организираме средба со сите управители на згради и куќни совети. Ја подигнуваме хигиената на повисоко ниво. Им благодарам на сите хигиеничари кои со натчовечки напори целиот овој период го чистат и хаосот на градската власт која го преплави Скопје во смет”, истакнува Герасимовски.

— реклама —

Тој, ги повика компаниите да помогнат со механизација, камиони и логистика, ова е момент кога треба да се покаже општествена одговорност и солидарност.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 1 ден

gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања