Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски урбанизацијата ќе ја води заедно со граѓаните

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 години -

Скопје
WhatsApp-Image-2021-09-27-at-12.18.36

Вечерва на плоштадот „Јадран Сквер“ се одржа промотивната конвенција на Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Општина Центар предложен од СДСМ и Коалицијата.

„Многу сум среќен што сум меѓу пријатели и прекрасни луѓе. Центарци секогаш биле гласни и цврсти во своите ставови. Со центарци нема шега, тоа ВМРО-ДПМНЕ најдобро го знае„ вака Горан Герасимовски го започна своето обраќање пред присутните. Герасимовски истакна дека е спремен да ја прифати градоначалничката позиција и дека центарци секогаш бирале луѓе кои се блиску до граѓаните, одговорни и кои знаат да слушаат и учат но и вистински да служат.

— реклама —

За проектите Герасимовски рече дека ќе работи според приоритетите кои веќе му се лоцирани, а фокусот ќе биде ставен во чистата животна средина и подобрување на хигиената во општината.

„Со проширување на дејноста на ЈП „Паркинзи на Општина Центар“ во комунално претпријатие, општината ќе обезбеди чисти улици и паркови секаде и секогаш. Во инфраструктурните инвестиции предвидени се нови градинки во населбите Пролет и Маџир Маало, како и доградба на училници во ООУ „Коле Неделковски“. Посебен фокус ќе бидат младите, поддршката за нив и стимулацијата да напредуваат во секој аспект. Токму затоа максимум ќе вложуваме во нивниот развој, обезбедувајќи финансиска поддршка, но и подобри услуги на локално ниво“ рече Герасимовски.

— реклама —

Во инфраструктурата тој рече дека фокусот ќе го стави во нови вело-патеки, додека важен приоритет ќе посвети на обезбедување доволно и гарантирани паркинг- места за центарци.

— реклама —

„Истовремено, наша голема заложба е ослободување и обновување на зелените површини во центарот на градот. Во таа насока, на местото на ПУИК ќе се постави нов парк и монтажен паркинг со 296 паркинг-места. Планирана е изградба на мала општинска административна зграда, со што ќе го ослободиме просторот каде што во моментов се наоѓаат општинските бараки. Овој дел ќе биде хортикултурно уреден и ќе биде поставена модерна урбана опрема. Ќе се обезбеди пристап до портата на старата Учителска школа, а се планира да се реставрира за да се истакне нејзината културно-историска вредност. Во новите простории ќе се обезбеди простор и за Младинскиот Центар, како и за непречена работа на други здруженија на граѓани што работат во интерес на жителите на Општина Центар“, изјави Герасимовски на конвенцијата.

Ревидирањето на преостанатите ДУП-ови Герасимовски ја потенцираше како особено важна. Тој рече дека урбанизацијата ќе ја води заедно со граѓаните, а негова крајна цел ќе биде хуманизација на јавниот простор, повеќе градинки, паркови и игралишта, а помалку згради и бетон.

— реклама —

„Тука сум за да помогнам, неуморно да работам на клучните проблеми и да останам отворен и достапен за сите, токму онака како што ме знаете. Продолжуваме заедно да чекориме напред кон голема и сигурна победа“, порача Герасимовски.

На крај повика на масовна излезност на претстојните избори ги повика граѓаните да дадат поддршка и гласаат за бројот 12, да гласаат за подобар Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања