Промени тема
Контакт

Герасимовски: Утре сите заедно на „Центарска симфонија“, ве очекувам на „Плочник“ , на коцерт под отворено небо

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 месеци -

Скопје
media-libraryisqftfe661il2klyjtL

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги покани граѓаните на второто издание на „Центарска симфонија“, музички спектакл под отворено небо, кој ќе се одржи утре со почеток во 19:30 часот на „Плочник“ во Градски Ѕид, спроти Владата.

Во гостување во попладневната програма на МРТВ, Герасимовски истакна дека Општина Центар во изминатите години значително ги зголемила вложувањата во културата, при што буџетот за оваа област достигнал 25 милиони денари.

„Како градоначалник, многу инвестирам во културата и културните настани што се организираат во текот на годината. Тоа значи реализација на голем број концерти, изложби и различни културни содржини за сите генерации“, рече Герасимовски.

— реклама —

Тој посочи дека општината нуди разновидна културна програма – од „Патувачкото кино“, наменето за младите, до манифестацијата „Носталгија за корзо“, која ги оживува спомените за старото Скопје.

— реклама —

„Утре нè очекува „Центарска симфонија“, прекрасен настан што се реализира втора година по ред. Ги повикувам сите жители на општината и градот, особено оние кои сакаат да се навратат на духот на 70-тите години и да уживаат во убава филмска и симфониска музика, да ни се придружат“, изјави Герасимовски.

На бесплатниот концерт, кој е поддржан од Општина Центар, ќе настапат оркестарот „Сонора Колектив“, како и вокалните солисти Иван Наумовски и Елена Васова.

— реклама —

Од Општина Центар најавуваат дека и во текот на летниот период ќе продолжат со организирање културни настани и содржини наменети за граѓаните.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 3 седмици

— реклама —
gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 4 седмици

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 1 месец

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања