Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

 Герасимовски вети дека ќе се консултира со жителите на Центар пред правење реконструкции

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, вчера вечер заедно со претставници од општинската администрација, одржа маалска средба со дел од граѓаните од улицата „Мирослав Крлежа“ во Дебар Маало. Герасимовски ги ислуша сите сугестии на жителите и одговори на сите поставени прашања, кои во најголем дел се однесуваа на паркинг местата и реконструкцијата на улицата. За подобар увид во работата и предвиденото идејно решение, Герасимовски ги покани граѓаните на увид на нацрт проектот за реконструкција на улицата „Миросав Крлежа“ во неговиот кабинет, во четврток во 18.30 часот.

— реклама —

„За улицата „Мирослав Крлежа“ веќе има изработен идеен проект, кој сакам лично да го погледнат граѓаните. Мојата намера е пред секоја реконструкција да се сретнувам со жителите, со цел да ги прецизираме проектите според нивните најголеми приоритети. Само преку заедничка комуникација ќе добиеме квалитетни проекти кои ќе ги задоволат потребите на жителите“, изјави Герасимовски на маалската средба.

Тој напомена дека дел од проблемите и потребите на граѓаните веќе ги знае од претходните средби со граѓаните, но на овие сака заеднички да ги решат евентуалните проблеми пред самата реализација на проектите.

— реклама —

Герасимовски рече дека улицата ќе стане пешачка зона и дека иако таа сега е во надлежност на градот по реконструкцијата повторно ќе припаѓа под Општина Центар, со што граѓаните ќе имаат поголеми привилегии за паркирање.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања