Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Герасимовски вети паркинг за жителите на Дебар Маало

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
WhatsApp-Image-2021-10-02-at-21.14.45-1

Дебар Маало добива зелени и инфраструктурни проекти, Горан Герасимовски, кандидатот за градоначалник на Центар од СДСМ и Коалицијата од игралиштето Дрвен најави бројни инвестиции во населбата. Герасимовски живее во Дебар Маало и пред своите соседи рече дека го живее секојдневието во населбата и оттука ги знае сите проблеми и потреби на граѓаните. Грижејќи се за најмладите рече тој го реконструирале детското игралиште „Дрвен“, а ќе се реконструираат нови детски игралишта и нови зеленила. Герасимовски зборуваше и за сообраќајот и недостатокот на паркинг места.

— реклама —

„Она што беше многу потребно за безбедноста и движењето на возилата и пешаците, започнавме да го реализираме. Ја реконструираме улицата „Орце Николов“ која станува целосно резидентна ослободена за велосипеди и пешаци и станува „smart zonе“, а на местото на ПУИК, по ваше барање, ќе поставиме нов парк и монтажен паркинг со 296 паркинг места“, рече Герасимовски во Дебар Маало.

Пешачка зона со резидентен паркинг станува и ул „Мирослав Крлежа“, а „Боемска 2“ ќе добие нов сообраќаен режим за слободно пешачење во вечерните часови, најави Герасимовски. Тој најави и реконструкции на улиците „Црвена вода“, „Дебарца“, „Партизанска“, „Алберт Ајнштајн“ и „Донбас“. Герасимовски пред граѓаните рече дека тој и советничката листа имаат знаење и желба да

— реклама —

направат поубав Центар. Тој потенцираше дека верува дека неговите сограѓани ќе донесат правилна одлука за поубав и современ Центар.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања