Промени тема
Контакт

Герасимовски заедно со граѓаните, младите и хигиеничарите го чистеа Центар

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 10 месеци -

Македонија
media-libraryfblk4mahrdkablQSReM

Денеска, градоначалникот Горан Герасимовски, заедно со граѓани, млади и  хигиеничарите го чистеа сметот во Општина Центар. Изминативе неколку дена, хигиеничарите се постојано на терен, во две смени за да го исчистат хаосот што го остави ЈП „Комунална хигиена“ и градската власт откако сите општини во Скопје беа преплавени со смет.

— реклама —

Герасимовски, потенцира дека чистењето почнало од Буњаковец и продолжило на повеќе локации на ул. „Васил Ѓоргов“, Капишец, Дебар Маало, Градски Парк, просторот кај Олимписки базен, кадешто се собраа огромни кеси со смет.Тој, истакнува дека кризата со хигиената трае повеќе месеци и континуирано апелирал комуналното претпријатие да го подигне сметот од улиците кадешто има надлежност, но тогаш ЈП „Комунална хигиена“ испраќала деманти дека чисти според утврдена динамика.

— реклама —
— реклама —

„Недозволиво е ова што му се случува на Центар, но и на градот Скопје. Сите скопски општини се преплавени во смет поради неажурноста на градската власт. Од утринава, граѓаните и млади лица се вклучија во акцијата кадешто сите заедно со нашите хигиеничари ја чистиме нашата општина. Во чистењето вклучена е целата механизација на општината и ПОЦ, а направиме и план со мерки за справување со кризата. Од денеска е започнато дератизацијата во основните училишта и градинки, предвидено е да трае во следните неколку денови. ЈП „ПОЦ“ организира посебни пунктови и распоред за собирање на угостителски отпад. Мора да се направи и дератизација во сите згради, а вонредната дератизација е во тек кадешто во 1980 шахти се фрла сертифициран препарат. Им благодарам на сите граѓани кои се активираа и помогнаа, упатувам апел до компаниите да ни помогнат со механизација, камиони и логистика“, рече Герасимовски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryojfrto39nku575WaSM1

Се гради нов потпорен ѕид во градинката „Кочо Рацин“: Децата привремено префрлени во „Бели Мугри“

Скопје | пред 1 ден

gerasimovski-izjava

Герасимовски и ВМРО-ДПМНЕ почнаа со нова кавга: Нема исплата од 6,6 милиони денари за мобилната апликација

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryhkt32r5h32fcdykpXOB

Герасимовски: Инфо-штандови и здравствени проверки за поддршка на граѓаните во услови на топлотен бран

Скопје | пред 3 седмици

media-libraryr5rdqa2726hc5yzB51l

Герасимовски: Со личен пример да покажеме солидарност, прв ќе донирам, ги повикувам и советниците да ме следат

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања