Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Герасимовски: Запознајте ги хероините на градот, бесплатна тура на тема „Женското наследство во Центар"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 5 месеци -

Скопје
media-libraryo9vl4a8g2qoq3YD2ZWq

Градоначалникот на Општина Центар, Горан Герасимовски, ги поканува сите заинтересирани граѓани да се приклучат на бесплатната едукативна тура на тема „Женското наследство во Центар“, која ќе се одржи утре, на 17 мај, со почеток во 12:00 часот, кај фонтаната „Лотосов цвет“ во Градски парк.

— реклама —

Водич ќе биде историчарката по уметност и кустос Бојана Јанева, а фокусот е ставен на локации и обележја поврзани со улогата на жените во обликувањето на културниот и општествениот идентитет на градот.

Прошетката ќе опфати посета на неколку клучни споменици, каде учесниците ќе имаат можност да слушнат приказни и историски факти, меѓу кои и онаа за партизанката Вера Јоциќ, Споменикот на ослободителите на Скопје, Паркот „Жена Борец“ и др.

— реклама —

„Ова е можност да се потсетиме на жените кои се жртвувале за она што го имаме денес. Да не заборавиме дека над 5 000 жени учествувале во Народноослободителната борба, од кои околу 300 загинале, 7 биле прогласени за народни херои, а 141 жена се носители на Партизанска споменица 1941“, порача Герасимовски.

— реклама —

За сите што ќе се придружат на овој настан, обезбедени се пијалок и ужина, а ќе им бидат доделени и симболични сувенири.

Едукативната програма „Центарски прошетки“ е дел од Програмата за култура на Општина Центар за 2026 година, со цел поголема информираност и приближување на културното наследство до граѓаните.


Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

penzija

Герасимовски: Ветувањето е исполнето, финансиската помош за пензионерите во Центар зголемена од 2.500 на 5.000 денари

Скопје | пред 4 дена

— реклама —
media-library8qrqutpegh1o2sjcWZz

Герасимовски: Есенска дератизација во Центар, опфатени околу 2.000 шахти

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryg62u4u6uili98Gy3qFX

Герасимовски: Постапката за „Барутана“ е законска обврска, одлуките ќе ги носиме внимателно и одговорно

Скопје | пред 2 седмици

media-librarymvd0i7l1ih206BQJdmi

135 возила отстранети поради непрописно паркирање во Општина Центар

Скопје | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања