Германците му удрија шамар на Заев

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
angjusev_bektesi_2

По лошите оценки од германскиот бизнис сектор, Владата се крена на нозе. Вицепремиерот Анѓушев засилен со министрите Драган Тевдовски и  Крешник  Бектеши и директорот на ТИРЗ, Александар Младеновски, утрово на итен состанок со првиот човек на Германската комора, Патрик  Мартенс, тој да им каже што толку ги налутило германските фирми, што ниту една од 200 во земјава не го оцениле како добро нејзиното работење и посветеност на економијата.

— реклама —

Во изјавата по средбата Мартенс се обиде да го ублажи впечатокот од лошите резултати на анкетата со тоа што посочи дека инвеститорите имаат добра соработка со Владата, а податокот  дека 78 отсто од компаниите се изјасниле дека ќе инвестираат годинава говори за нивното мислење за земјата.

– Ние ја чувствуваме Владата како партнери заедно треба да работиме да го задржиме нивото што го имаме. Дискутиравме за анализата со вицепремиерот Кочо Анѓушев и се договоривме заедно да работиме на отстранување на негативните работи кои влијаеја бизнисмените да дадат вакви оценки за бизнис климата – рече Патрик Мартенс, од делегација на Германското стопанство во Македонија .

— реклама —

Тој повтори дека меѓу германските компании има голем интерес за инвестирање во земјава поради пазарот и добрата работна сила.

Дека не е  се толку лошо, Германците го пофалиле законот за финансиска поддршка, дури 78 отсто од компаниите ќе инвестираат и годинава, 41 процент ќе го зголемат извозот, а 39 ќе имаат нови вработувања.

Мартенс не посочи која е германската компанија што не не избрала. Сепак, призна дека за да одлучат да дојдат, на германските фирми им треба стручна работна сила, а големите играчи кои бараат од пет до шест илјади работници, таква овде веќе не можеле да најдат

За вицепремиерот Анѓушев пак негативните бројки од анкетата се патоказ како да работат подобро.

-Сакав да разберам кои се главните причини за таквите бројки кои што беа и негативни. Главните причини се однесуваат во делот на тоа дека сакаат малку попредвидлива политика во економијата, со други зборови да на време бидат информирани за промените во даночната политика, во делот на минималната плата, а воедно искажаа одредени потреби во делот на царинските тарифи во нашата држава да бидат прилагодени на европските – изјави Кочо Анѓушев, вицепремиер.

Економскиот тим на владата секој квартал има редовна средба со германските инвестироти. Анѓушев најави дека на наредната ќе учествува и премиерот Заев.

 

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања