Промени тема
Контакт
Најнова епизода Стефан Николовски на „Претрес“: Тони, Тино, Атанас, Љутков, политичарите и „тајните“ зад сцената! Гледај на LANDOV.MK

Германија ќе пласира уште 13,5 милиони барели нафта и нафтени производи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Свет
nafta

Германија ќе ослободи дополнителни количества нафта и дизел од своите стратешки резерви за да ги исполни обврските од меѓународниот договор за стабилизирање на пазарот на енергенси, соопшти германското Министерство за економија.

— реклама —

Во март, Германија се обврза на пазарот да пласира 19,5 милиони барели нафта и нафтени производи, како дел од договорот на членките на Меѓународната агенција за енергија (ИЕА). Вкупно, земјите од групата требаше да ослободат 425 милиони барели со цел да се обезбеди снабдување и да се ограничат цените во услови на војната на Блискиот Исток.

— реклама —

До средината на октомври од резервите биле ослободени околу 325 милиони барели, а ИЕА најавила забрзување на спроведувањето на договорот и пласирање дополнителни 100 милиони барели нафта и дизел, во зависност од условите во одделните земји.

— реклама —

Германија досега ослободила шест милиони барели, а за преостанатите 13,5 милиони првично ќе се насочи кон дизелот и маслото за греење.

За да го овозможи тоа, Министерството за економија привремено ја измени одредбата според која резервите мора да покриваат 90 дена потрошувачка, скратувајќи го периодот на 82 дена. Одредбата била објавена во Службениот билтен во средата, а стапила во сила во четвртокот, изјавила министерката за економија Катерина Рајхе.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryjcev6r72ts504Vi5aUj

Авион во Франкфурт тргнал да полетува во спротивна насока

Свет | пред 4 часа

— реклама —
media-libraryurfltrld9rrn7iQrfQg

(Видео) Силно невреме ја погоди Германија: Тешко повредени, урнати дрвја и прекини во железничкиот сообраќај

Свет | пред 2 дена

media-libraryfmf297qm0efodpCHC5O

Гори „Орловото гнездо“ на Хитлер: Историскиот објект во пламен, полицијата приведе осомничен

Свет | пред 2 дена

media-libraryrtpt3m49fhtr7gBB81P

„Џенерали“ ќе укине 800 работни места во Германија до 2030 година

Свет | пред 2 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања