За само две години, поточно во текот на 2016 и 2017 година од Хрватска во Германија се доселиле 110.526 Хрвати или колку цел хрватски град Осиек, покажуваат податоците на германската Сојузна канцеларија за миграција, кои ги објави тамошното министерство за внатрешни работи, пренесе Дневник.хр.
Во двегодишниот период Германија ја напуштиле вкупно 49.696 Хрвати, а во 2017 година Хрватите биле петти по ред по вселување во Германија. Истата година во Германија се доселиле само повеќе Италијанци, Бугари, Полјаци и Романци.
Од Србија во 2016 и 2017 година се доселиле 51.143 лица, а се иселиле 52.575. Гледано по години, во 2016 година од Србија во Германија се доселиле 24.616 државјани, а во 2017 година се доселиле 26.527.
Во 2016 година во Германија се доселиле и 24.010 државјани на БиХ, а во 2017 година 26.112 босански државјани.