ВО ЖИВО

Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите

„Претрес“ на Драги Книга: Груевски, Арсовска, Заев... поврзаност на политиката, бизнисот, подземјето
kz2fiBoVvcg

Германската амбасадорка Дрекслер до Кацарска: "Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина"

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Македонија
IMG_4178

Претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска денеска оствари средба со амбасадорката на Сојузна Република Германија Н.Е. Петра Дрекслер, по повод завршувањето на мандатот како и неколкугодишната успешна соработка.

— реклама —

На средбата беше истакнато заедничкото задоволство од спроведените проекти и активности во Уставниот суд со поддршка на Сојузна Република Германија.

Амбасадорката Петра Дрекслер изрази искрена лична благодарност до претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска за она што е сработено и произлезено од соработката во текот на тригодишниот мандат и резултатите кои се добиени во насока на унапредување на работењето на Судот.

— реклама —

„На крајот од вашиот мандат, се заблагодарувам за одличната соработка. Вашата сила и посветеност ќе останат инспирација за многумина!”, истакна Дрекслер на средбата.

Таа најави дека амбасадата на Република Германија останува на своите заложби и во иднина да ја продолжи соработката во интерес на унапредување на слободите и правата на граѓаните и обезбедување на владеењето на правото. Дрекслер ја истакна поддршката до претседателката Кацарска по последните инциденти и закани кои лично и беа упатени.

Ова е втора официјална средба на германската амбасадорка Петра Дрекслер и претседателката на Уставниот суд Добрила Кацарска во текот на нејзиниот мандат. Уставниот суд изминатите три години ја зацврсти соработката со германската фондација ИРЗ која изработи студија за потребата од воведување на уставната жалба, а преку други проекти и невладини организации поддржани од Сојузна Република Германија беа остварени средби во Уставниот суд во Словенија и беа организирани конференции со реномирани домашни и меѓународни експерти на тема уставна жалба во Република Северна Македонија

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-librarycp21534u4i8raTYzVFr

ВМРО-ДПМНЕ: Кацарска против покачување на пензиите, а бара зголемување на сопствената плата

Македонија | пред 1 месец

kacarska

Кога Кацарска напушта раководна позиција, тоа е празник за правдата, служеше како судски портпарол на СДС и ДУИ, вели ВМРО-ДПМНЕ

Македонија | пред 1 година

387834682_871567654340175_411361387599155798_n

Кацарска се жали: Нема недела да помине без закана, зачести, имав и физички напад

Македонија | пред 1 година

Screenshot-2024-05-29-at-13.03.14

Кацарска: Го надминавме секој тест на непристрасност, не потклекнавме, новиот претседател може да биде комотен

Македонија | пред 1 година

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања