„Претрес“ на Бранко Героски: Моќта, новинарството и линијата што се преминува
whT3mom746w

Героски: Само Бојан Јовановски знае зошто се препознал во моите написи

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Branko-Geroski-696x478

Откако Бојан Јовановски ака Боки 13 во Отворено студио на 1ТВ отворено кажа дека тој се препознава во приказните на новинарот Бранко Героски, кој пишува за новинарски рекетари, со севдоними “Кики, Коки”, преку својот фејсбук профил се огласи Героски.Тој напиша:

— реклама —

„На пат на годишен одмор надвор од Македонија, известен сум дека господинот Бојан Јовановски, кој, ако добро разбрав, се претставил како неформален сопственик на 1ТВ, вечерва изјавил дека тој е личноста за која јас пишувам во моите написи.

Колку што можев да прочитам по пат, во интервјуто на Јовановски со Јадранка Костова, се спомнуваат и други лица и се коментираат односите на сопственикот на 1ТВ со нив. Ако добро сфатив, повод за овој настап на Јовановски е денешиот одговор на премиерот Зоран Заев на пратеничко прашање, во врска со некаков настан во Битола, за кој, според премиерот, се водела истрага (подоцна е прецизирано дека Обвинителството само следело информации).

— реклама —

Во врска со настапот на неформалниот сопственик на 1ТВ, сакам да ја известам јавноста дека во ниту еден од моите написи кои се коментираат, јас не ги спомнувам Бојан Јовановски, 1ТВ, новинарите од оваа телевизија и сите други ликови кои биле спомнати вечерва.

Во секоја од моите приказни за големата рекетарска афера (ако на тие написи мисли Јовановски), нагласувам дека ликовите што ги спомнувам се со измислени имиња и дека секое препознавање е одговорност на оние што себеси се препознаваат или други лица препознаваат во ликовите од моите приказни.

Тоа е легална и легитимна литерарна постапка, а нуждата да се послужам со неа и со езоповски јазик, ја објаснив и во интервју за Гласот на Америка.

Најавувам дека рекетарската сага ќе продолжи со нови епизоди и со истата раскажувачка постапка. На Бојан Јовановски му посакувам 1ТВ да ги преброди проблемите во релацијата со УЈП, а тој лично што поскоро да дојде во посед на трансакциска сметка, за да може, ако посака, да го легализира својот сопственички статус. На новинарите од овој медиум им посакувам успешна работа“, напиша Героски на ФБ.

https://www.facebook.com/branko.geroski/posts/2253483651439984

 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања