Претрес на Дацо Белски: преживувањето на Детонатор, Груевски, Мијалков, Урко.. и судијата со парите
Zy2zP26iJEY

Геровски пишува: Сведокот две години бескрупулозно рекетиран, но храбро одлучил рекетарите да ги „врзе“ во крпче!

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 години -

Македонија
Branko-Geroski-696x478-1

Жртвата на милионскиот рекет и на монтировките на обвинителот ментор на двајцата рекетари, решава да стави крај на агонијата. Со посредство на една пријателска земја, за извршениот рекет се обезбедени многу цврсти, практично несоборливи докази. Нема веќе бегање! „Ова нема врска со владата, ова е работа на поединци“, категорично вели жртвата. Но, дали станува збор само за еден или за двајца обвинители? Кој е мозокот на операцијата? Дали има само рекет и иануда, или и злосторничко здружување?

— реклама —

Без намера да ѝ наштетам на истрагата што денеска ја објавија обвинителите Љубомир Јовески и Вилма Русковска, по апсењето на две лица што ја возбуди јавноста, преземајќи обврска да ја испочитувам презумпцијата на невиноста на осомничените, но и со јасна намера да не го соопштам идентитетот на сведокот-жртва, ќе ви раскажам детаљи за милионскиот рекет за кој денеска стана збор. Тие информации ми се познати веќе извесно време, но се воздржував јавно да ги соопштам, токму со цел да не ѝ наштетам на истрагата, објави plusinfo.mk.

Во продолжение на својата колумна новинарот Бранко Геровски пишува:

— реклама —

Жал ми е што пак ќе раскажувам без конкретни имиња – овој пат и без псевдоними – но мислам дека читателите лесно ќе разберат за кого станува збор. За идентитетот на двете приведени лица веќе јавно се говори. Можеби и официјално ќе биде потврден уште вечерва. Сведокот е македонски бизнисмен, кој во случајот е жртва на нивните рекетарски притисоци. Според обвинителката Русковска, тој на рекетарите веќе им исплатил околу 1,5 милиони евра. Рекетарите се пријатели со еден познат, популарен и јавно воспеван јавен обвинител, од кого се очекуваше да ја донесе правдата во Македонија. Моите информации се дека тој, всушност, е мозокот на операцијата, но тоа допрва треба да се докаже.

Имам и други информации, за кои истрагата веројатно води есап. Освен обвинителот, за кој по втор пат тврдам дека е мозокот на операцијата, во случајот е заплеткан уште еден друг обвинител, но од истото обвинителство. На двајцата рекетари им помагаат и видни политички личности (кој ме читал, знае кои се), но и личности од јавниот живот. Некои со знаење што всушност се случува, некои можеби наивно. Да не ги заборавиме и нив. Моите информации се дека обвинителката Русковска лесно, по дифилот всушност, ќе докаже дека во случајов освен рекет и изнуда, имаме и злосторничко здружување. Едно многу опасно злосторничко здружение е тоа, почитувани читатели, против кое борбата мора да продолжи со засилено темпо, објави plusinfo.mk .

 

Текстот во целост на: plusinfo.mk

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања