По фотографиите и видеата кои се појавија вчера по медиумите во кои се гледа како густ црн час излегува од оџаците на Гинекологија Чаир, инспекторите излегоја на терен.
Гинекологија Чаир доби опомена во рок од еден месец да го промени котелот кој работи на мазут и од кој секој ден излегува црн чад. Станува збор за котел што се користи за загревање на просториите и на водата за потребите на болницата кој чади и прекумерно загадува.
– Инспекторите утврдија дека станува збор за дефект на дизните од котелот што е стар повеќе од 50 години, велат од Град Скопје.
Инспекторатот на Град Скопје ја задолжи болницата да направи мерења на емисиите на издувните гасови од оџакот со акредитирана лабораторија за мерење.
Градоначалникот на Град Скопје, Петре Шилегов, на прес-конференција се закани дека болницата ќе биде затворена ако котелот не биде променет.