Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓоковиќ елиминиран во Синсинати, побара медицинска помош, па откри што го мачи со години

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.29

По тригодишна пауза, Новак Ѓоковиќ не успеа да направи подолг настап на Мастерсот во Синсинати. Српскиот тенисер беше елиминиран уште на својот прв меч, откако во второто коло загуби од Аргентинецот Тијаго Аугустин Тиранте со 1:2 во сетови.

— реклама —

Ѓоковиќ одлично го започна дуелот и го освои првиот сет, но потоа почна да се соочува со здравствени проблеми. Во вториот сет побара медицинска помош, а во еден момент дури падна на колена, очигледно немоќен да продолжи со истото темпо.

По мечот, Ѓоковиќ откри дека проблемот не бил поврзан само со условите во Синсинати и дека слични тешкотии го следат веќе неколку години.

— реклама —

„Искрено, ова воопшто не беше пријатен натпревар за мене. Не е првпат, претпоставувам дека нема да биде ни последен. Тоа е здравствен проблем што го имам. Ме мачи веќе неколку години, особено кога влажноста и температурите се високи“, изјави Ѓоковиќ.

— реклама —

Тој додаде дека на неговата состојба влијаат и други фактори, меѓу кои нервозата и напорот што го носи натпреварувањето.

Во моментот на мечот температурата во Синсинати била околу 28 степени, со висока влажност на воздухот.

Ѓоковиќ по елиминацијата навести и дека постои можност следната година воопшто да не настапи на турнирот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерсот во Париз, прв предизвик ќе му биде тенисер од Монако

Спорт | пред 3 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата

Спорт | пред 1 седмица

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ сепак нема да патува во Саудиска Арабија, турнирот е одложен поради безбедносната состојба

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.09

Де Минор по поразот од Ѓоковиќ сака ново правило во тенисот

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања