Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓоковиќ испрати порака за промените во Србија: „Јас го претставував народот, а не власта“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 46 минути -

Спорт
media-librarymmc9015k6ctg91CkZ2y

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ, пред почетокот на мастерс-турнирот во Париз, се осврна на здравствените проблеми со кои се соочувал во изминатите 12 месеци, но и на односот со властите во Србија.

— реклама —

На прашањето на странски новинар за обидите на поединци од високите државни функции да го оспорат и дискредитираат, Ѓоковиќ порача дека се надева оти промените во земјата ќе донесат нов почеток.

— реклама —

„Јас сум патриот, но секогаш го претставував својот народ, а не власта. Постои голема разлика меѓу нив. Среќен сум поради овие промени и се надевам дека во иднина работите ќе бидат одлични и дека земјата ќе напредува“, изјави Ѓоковиќ.

— реклама —

Тој зборуваше и за здравствените проблеми поради кои настапите во текот на годината му претставувале голем физички и здравствен предизвик. Посочи дека во последниот период се приближува до решавање на проблемите со кои се соочувал, а подобрата физичка состојба веднаш се одразува и врз неговата игра.

— реклама —

Ѓоковиќ, кој има рекордни седум титули на мастерс-турнирот во Париз, првиот натпревар го игра во вторник против Валентан Вашеро.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Зверев запрен во полуфиналето во Виена, Де Минор против Алкарас во финалето

Спорт | пред 2 дена

— реклама —
media-libraryh8356bdbmgu2c4AUqOv

Алкарас го победи Басилашвили и се пласира во четвртфиналето во Виена

Спорт | пред 4 дена

Screenshot-2024-10-10-at-12.19.12

Рафаел Надал повторно ќе игра тенис, се враќа по две години

Спорт | пред 1 месец

media-librarygbu8e1iabj3d8dgQmFg

Што го „убива“ модерниот тенис? Долги мечеви, густ календар и сè повеќе повреди

Спорт | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања