Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Стојна за Куклица и наплатите, а на градоначалникот на К. Паланка за кравите и хаосот Гледај на LANDOV.MK

Сабаленка: Никогаш не би го променила државјанството, не сакам да ги изневерам децата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 26 минути -

Спорт
media-libraryuneb6b9ntm7n7tZOoY8

Белоруската тенисерка Арина Сабаленка не размислува за промена на државјанството, и покрај ограничувањата со кои се соочуваат спортистите од нејзината земја на меѓународната сцена поради војната во Украина. Во разговор со новинарот Пирс Морган, таа порача дека не сака да ги разочара младите во Белорусија, кои во неа гледаат пример.

— реклама —

На прашањето дали би го променила државјанството, како што одлучиле некои руски тенисери за да настапуваат под знамето на друга земја, Сабаленка одговори дека таквата можност не ја разгледува.

— реклама —

„Промена на државјанството? Не, тоа не е опција за која размислувам. Не сакам да ги изневерам тие деца“, изјави тенисерката.

— реклама —

Таа нагласи дека отсекогаш била горда што ја претставува својата земја и дека многу ѝ значи тоа што нејзините успеси ги инспирираат младите.

Сабаленка се надева дека во иднина повторно ќе добие можност да настапува за Белорусија под националното знаме, вклучително и на Олимписките игри.

— реклама —

„Сакам децата и понатаму да се угледуваат на мене и да видат дека можат да се постигнат големи работи дури и кога доаѓате од толку мала земја. Ако успеав јас да стигнам до самиот врв, можат и тие“, порача Сабаленка.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarycaepsp92h77veGi6ubj

(Видео) По разделбата по седум години соработка, Алкарас и Фереро повторно лице в лице во Торино

Спорт | пред 1 ден

— реклама —
media-library749cishbt0vk4CHysCV

Синер се надева на настап на Австралија опен, но нема да брза со закрепнувањето

Спорт | пред 5 дена

media-librarymmc9015k6ctg91CkZ2y

Ѓоковиќ испрати порака за промените во Србија: „Јас го претставував народот, а не власта“

Спорт | пред 1 седмица

media-library27rrr1u5jopu19sFG4w

Зверев запрен во полуфиналето во Виена, Де Минор против Алкарас во финалето

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања