Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓоковиќ се враќа во Синсинати по три години – го дозна и првиот противник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Спорт
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.38

Новак Ѓоковиќ по три години повторно ќе настапи на турнирот во Синсинати, каде што ќе ја започне борбата за уште една титула во серијата Мастерс 1000.

Српскиот тенисер последен пат играше во Синсинати во 2023 година, кога стигна до трофејот по незаборавното финале против Карлос Алкараз. Ѓоковиќ тогаш спаси меч-топка и по три часа и 49 минути славеше во еден од највозбудливите финални натпревари во историјата на АТП-турот.

— реклама —

„Се радувам што ќе играм на овој турнир. Последен пат играв во 2023 година и инфраструктурата значително се подобри. Неверојатна работа“, изјави Ѓоковиќ.

— реклама —

Неговиот прв противник ќе биде Аргентинецот Тијаго Агустин Тиранте, 50. тенисер на светската ранг-листа. Двајцата досега немаат одиграно меѓусебен натпревар.

За Ѓоковиќ, Синсинати има посебно значење. Токму таму, во 2005 година, го одиграл својот прв меч на турнир од ова ниво, кога во првото коло загубил од Фернандо Гонзалес. Две децении подоцна, во главниот турнир влегува како трикратен шампион.

— реклама —

Ѓоковиќ во Синсинати триумфираше во 2018, 2020 и 2023 година, а последната титула ја освои по голема борба со Алкараз.

„Имав одлична поддршка од Чикаго и Охајо. Српската заедница навистина е голема. Тоа е нешто што го паметам од финалињата во 2023 и 2018 година. Имаше многу српски знамиња на трибините. Навистина беше убаво“, рече Ѓоковиќ.

Неговиот меч против Тиранте е предвидено да започне во сабота околу 18:30 часот по македонско време.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ ги дозна противниците на Мастерсот во Париз, прв предизвик ќе му биде тенисер од Монако

Спорт | пред 3 часа

— реклама —
Screenshot-2024-01-28-at-14.21.34

Ѓоковиќ падна на 12. место на АТП-листата

Спорт | пред 1 седмица

media-librarym2bnjo6ajfqrfBcjgO3

Ѓоковиќ сепак нема да патува во Саудиска Арабија, турнирот е одложен поради безбедносната состојба

Спорт | пред 2 седмици

Screenshot-2024-08-05-at-12.36.09

Де Минор по поразот од Ѓоковиќ сака ново правило во тенисот

Спорт | пред 2 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања