Ѓорче, традиционална вмровска општина, на следни избори се враќа во вмровски посед. Тоа се гледа од авион. Триумфално ќе се врати во нивни раце, со разлика во - илјади гласови. Нема да биде по ниеден основ тесно.
Ни Саше, ни друг да стаат, некојси пресвети Саше - не им помагаат на СДСМ, се вели во објавата од новинарката Јорданка Ивановска Јоци.
Јоци во објавата додава:
Ѓорче е изгубено за нив, Наумоски е неуспешен градоначалник за ѓорчепетровци и казната ќе стаса на голема врата.
Тоа имено се виде и од последните два изборни циклуси - гласовите во корист на СДСМ се стопија како сладолед.
Уште во јуни, јасно е дека Ѓорче. Г.Баба и К.Вода се враќаат кај вмровци, без разлика кој ќе биде кандидат.
Во останатите општини како Аеродром и Град Скопје нештата ќе зависат од кандидатите.
Но, Шилегов и Марин - мора да си одат!
Секако, и Богдановиќ мора да си оди, но во Центар, СДСМ - уште држи некоја разлика.