Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓорче Петров ја зголемува безбедноста во сообраќајот, поставени препреки за намалување на брзината на возилата

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
269730384_263492559105294_3297634042975065467_n

Десетина улици во Ѓорче Петров на кои има голема фреквенција на возила, а жителите се жалеа дека се вози брзо, се поставени т.н. легнати полицајци. Со оваа акција, која ќе продолжи и натаму, целта е да се подигне безбедноста во сообраќајот, а со тоа, да се спречат евентуални несреќи кои можат да настанат.

— реклама —

„На барање на жителите поставени се препреки за намалување на брзината на возилата на повеќе фреквентни локации и улици во урбаните заедници и во близина на училиштата и детските градинки“, посочи градоначалникот Александар Стојкоски.

Меѓу улиците, опфатени се „Кичевска“, „Злате Михајловски“, „Ѓуро Салај“, „Мице Козар“, „Островска“, „Црногорска 2“, „Арсениј Јовков“, „Мечкин Камен“, улицата „1596“ „49“.

— реклама —

Како општина, Ѓорче Петров апелира возачите да внимаваат и да ја прилагодат брзината со која се движат и истата да ја прилагодат согласно законските регулативи.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања