Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓорче се сака со дела, рече Јаневски барајќи поддршка од ѓорчепетровци

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
IMG_20190717_114159-1

„Во недела граѓаните на Ѓорче Петров одлучуваат во каква општина ќе живеат и каква општина ќе остават на генерациите кои доаѓаат. Никој нема уште триесет години да чека некој друг да им ги реши работите во Ѓорче а знаеме дека тоа треба да го направиме сите ѓорчепетровци. Не треба да бидеме неми сеирџии на настаните кои сите не засегаат и јасната визија за развој на општината Ѓорче Петров“, рече кандидатот за градоначалник на општина Ѓорче Петров д-р Љупчо Јаневски од Граѓанското движење „Одлучно за Промени“ на ДОМ и ЛДП.

— реклама —

„Визијата која ја понудив и позади која силно застанав е „Првата зелена општина во градот Скопје“ не ветувајки утопистички објекти и инвестиции кои многу често не се под надлежност на локалната власт. Сметам дека како интелектуалци треба да излеземе од комфорните зони и го ставиме целиот наш професионален капацитет во служба на подобрување на Моето,Твоето и Нашето Ѓорче.. Должни сме да создадеме иднина за младите и нивен професионален развој и длабоко сум убеден дека промените одлучно треба да започнат на локално ниво. Затоа сега е вистинското време со создавање на трајни вредности во општините, преточени во долгорочни развојни стратегии кои ќе претставуваат патоказ за сите кои ќе застанат на чело на општините и менаџираат. Градоначалниците се во сервис на жителите од општината, а не обратно и таа перцепција мораме да ја измениме. Затоа во недела потребно е масовно да излеземе на гласање а мислата кога треба да не води е : Дали ќе продадеме и заминеме или градиме и создаваме зависи само од нас . Каково Ѓорче ќе создадеме во такво Ѓорче ќе живееме“, истакна Јаневски

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања