Ѓорчев убеден дека ќе победи во првиот круг , вели ги знам сите градови и села

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 години -

Македонија

„Половина час на 21 април ќе набројуваме каде се не сме победиле со „Победивме во Прилеп, победивме во Крива Паланка, победивме во Струмица. На сите пет ибори кога сум бил носител на листа секогаш сум победувал. Нема град каде што немаме намера да победиме. СДСМ нека му ја мисли затоа што ги излажа граѓаните. Заеднички ќе ги поразиме уште во првиот круг“, истакна Влатко Ѓорчев, кој на прес-конференција во Собранието изјави дека ќе победи уште во првиот круг на 21 април на претседателските избори доколку биде номиниран од ВМРО-ДПМНЕ како кандидат во трката од оваа опозициска партија.

— реклама —

Како што истакна тој, се чувствува подготвен да ја преземе одговорноста да застане на чело на оваа држава.

„Имам моменти во животот кога човек треба да го искористи своето знаење, искуство, сето што го направил во функција на државата и народот. Македонија губи, Македонија назадува. Не се добри состојбите во Македонија. Од тие причини, објавувам дека се кандидирам за претседател на Република Македонија. Поседувам искуство, знаење, чесност, лојалност. Ги знам сите градови, населбите, улиците. Наредните три месеци ќе појдам во секој град и дом. Ќе појдам кај граѓаните на Македонија, кај оние кои ми го дале мандатот. Ќе ја побарам вашата доверба. Оваа апсолутистичка власт е дефинирана како хибриден режим. Не смее да се дозволи на Заев да ги узурпира институциите на државата. Мотивиран сум повеќе од било кога, благодарен сум за огромната поддршка, ја добивам од голем број граѓани на државава. Македонија е земјата на моите баби и дедовци. Македонија е земјата на моите четири деца. Јас директно им велам, на сите кандидати на СДСМ, ве чекам јас и најмалку 500.000 луѓе на Република Македонија“, истакна Ѓорчев.

— реклама —

Ѓорчев додаде дека веднаш ќе ја стартува внатрепартиската кампања по поднесувањето на кандидатурата на објавениот оглас.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

sudija

Судија од гостиварска Апелација добивал закани по телефон, заканувачот ќе одговара кривично

Македонија | пред 3 години

bukvi

5 мај - Ден на македонскиот јазик и азбука

Македонија | пред 6 години

boki-13-reket

Видео и аудио од моментот кога Боки 13 и Зоки Кичеец ги земаат парите од Орце Камчев

Македонија | пред 6 години

NEFI-960x540

Обинителството и Полицијата влегоа во фирмите на Нефи Усеини

Македонија | пред 6 години

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања