Промени тема
Контакт

Ѓорге Иванов беше во Турција

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
249897360_10158594813916158_9145911807876603168_n

Kабинетот на поранешниот Претседател на Република Македонија, д-р Ѓорге Иванов, информира дека Претседателот Иванов беше во дводневна посета на Анкара, Република Турција, во периодот 25-26 октомври 2021 година.

Посетата беше на покана на Универзитетот за економија и технологија ТОББ од Анкара, еден од најреномираните универзитети во Турција, каде Претседателот Иванов од 2009 година ја има титулата Почесен доктор на науки.

— реклама —
— реклама —

Претседателот Иванов гостуваше во рамките на Сесиите на семинари за мир и дипломатија организирани од ТОББ Универзитетот и одржа предавање пред студентите на Катедрата за политички студии и меѓународни односи на тема „Турска надворешна политика на Балканот: поглед од регионот“. Исто така, покрај средбата со Ректорот на ТОББ Универзитетот, поранешниот Претседател Иванов се обрати и пред професорите на ТОББ Универзитетот на темата „Милет системот и Пакс Отомана: заборавени или ненаучени лекции од 16-ти и 17-ти век“.

— реклама —

За време на посетата на Анкара, Претседателот Иванов оствари средба со Министерот за надворешни работи на Република Турција, Н.Е. Мевлут Чавушоглу, на која беа потврдени добрите односи меѓу Република Македонија и Република Турција.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања