Поранешниот министер за правда и амбасадор во Бугарија и во Велика Британија, Ѓорѓи Спасов се огласи на својот Фејсбук профил во врска со објавите на Мухамед Красниќи познат како Командант Малишева.
„Командант Милишева пак одработува за Груевски
На портали блиски до Мицковски се пренесува изјава на осуденик дадена на негов фејсбук во кој тој потврдува дека "тепањето" на Јанакиовски и Спировски во затворот било одмазда кон функцонери на ВМРО ДПМНЕ заради "местенката" што им била направена на осудените терористи од "Диво насеље" кај Куманово.
Така пропагандата за "политички прогон" во Македонија добива на уверливост а Груевски како главен "местач"за Диво насеље аргумент дека некој вистина му се заканувал со убиство во затворот ако тој таму се најде.
Се чини дека Груевски и Мицковски ги имаат вклучено одново платениците од Диво насеље за докажување на нивната теза за "политички прогон" и намери на власта да ги ликвидира и во пропагандата за ширење страв и меѓуетничка омраза.
Красниќи со ваков вид фејсбук пропаганда и закани одработува одново како платеник за нив и треба Фејсбук да го затвори неговиот профил заради ширење на меѓуетничка омраза и поттикнување насилство.
Но прашање е што бараат осудени лица на 40 години во притворско одделение“, стои во објавата на Фејсбук.