Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓорѓиевски до Темелковски: Мандатот го преспавте, граѓаните немаат основни услови за живот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
Orce1906

Разликата помеѓу ситуацијата во која беше Кисела Вода во 2017 и сега е различна, се стагнира, а се оди и назад во општината. Во 21 век нашите сограѓани немаат фекална канализација, во Расадник нема паргинг место, улиците се со кал. Моите сограѓани немаат основни услови за живот. Секој ден добивам се поголема поддршка и со мој тим ќе ја смениме сликата во општината, рече Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на Кисела Вода на вечерашната дебата во емисијата „Само вистина“ што се емитува на телевизија Канал 5.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека актуелниот градоначалник Филип Темелковски манипулира и ја лаже јавноста.

„Вие мандатот го преспавте. Ако сакате ќе одиме проект по проект функционална поликлиника во Драчево и нова во Расадник, енергетски ефикасна општина...Граѓаните знаете велат кога Темелковски добро вечер ние гледаме низ прозор дали навистина е вечер. Вие доживувавте дебакл“, му рече Ѓорѓиевски на актуелниот градоначалник Темелковски.

— реклама —

Ѓорѓиевски посочи дека гасификација на општината нема, нова градинка нема како и низа на други работи кои беа ветени, а не се реалзирани од актуелниот градоначалник.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања