Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Евгенија е првото новородено бебе во Скопје во 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-library2r7pcperl3go6mkrvpu

Малата Евгенија Камчева е првото бебе родено во Скопје во новата 2026 година, соопшти Орце Ѓорѓиевски, нагласувајќи дека нејзиното раѓање претставува силен симбол на надеж и нов почеток за градот.

Како што информира, Евгенија се родила точно на полноќ, во моментот кога новата година ги „отворила своите врати“, носејќи радост и оптимизам кај скопјани.

— реклама —

„Нов живот, нова надеж и убав симбол за почеток исполнет со радост и вера во иднината“, порача Ѓорѓиевски, посакувајќи ѝ на Евгенија да расте жива и здрава, среќна со своите родители и со живот исполнет со љубов, достоинство и можности.

Тој истакна и дека обврска на општеството е да создаде услови во кои секое дете ќе може да сонува, да напредува и да верува, нагласувајќи дека секое новородено дете е заедничка надеж и одговорност.

— реклама —

„Нека оваа година биде плодна и бериќетна, година на нови животи, насмевки и радост“, порача Ѓорѓиевски, упатувајќи искрени честитки до мајката Емилија и добредојде до малата Евгенија, како „најубавиот почеток на новата година“.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

655-402-bebe

Тетка во британска градинка со нога притискала едногодишно дете за да го успие

Свет | пред 5 месеци

media-librarye999gecqmotk5tWKxJ9

(Видео) Бебе преживеа пад од 33-ти кат во Санкт Петербург

Свет | пред 6 месеци

655-402-bebe

Десетмесечно бебе почина во Италија откако таткото ненамерно го притиснал додека спиеле заедно

Свет | пред 6 месеци

bebe

Починато новороденче донесено во тетовската болница

Македонија | пред 6 месеци

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања