Промени тема
Контакт
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски
„Претрес“ на Утковски: Шутка, подземје, 2001, Талибанци, Монако, МВР, Борис Трајковски

Ѓорѓиевски ги повика скопјани активно да се вклучат во подготовката на буџетот за 2026 година

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 6 месеци -

Скопје
media-librarycick7ar1iu8i1vkJrNo

Градот Скопје го започна процесот на креирање на буџетот за 2026 година, а градоначалникот Орце Ѓорѓиевски апелира до граѓаните да се приклучат и да ги споделат своите предлози и идеи.

— реклама —

Сите граѓани што сакаат да учествуваат во креирањето на буџетот можат да ги испратат своите предлози на e-адресата: gradskibudzet2026@skopje.gov.mk.

— реклама —

„Годинава го отвораме процесот на планирање на буџетот за 2026 година заедно со вас, жителите на Скопје, невладиниот сектор, бизнис заедницата и сите кои сакаат да придонесат за подобро, поуредено и пофункционално Скопје. Вашите потреби, ставови и идеи ќе бидат основата врз која ќе го градиме овој важен документ. Работејќи во постојана комуникација со граѓаните, веќе собравме голем број конструктивни предлози. Но процесот е отворен и затоа ве повикувам сите партнерски да се вклучите во создавањето на буџетот кој ќе го забрза повторното заживување на нашиот град“, вели Ѓорѓиевски.

Градот информира дека во подготовката на новиот буџет ќе влезат приоритетни капитални инвестиции – дел од инфраструктурата, заштитата на животната средина, спортските содржини и културните проекти. Целта е, велат од градската администрација, со плански инвестиции да се подобри секојдневниот живот на скопјани и да се подигне општиот квалитет на урбаното живеење.

— реклама —

„Ова е моментот кога секој може да влијае со конкретна идеја, предлог или забелешка. Верувам дека токму со ова отворено партнерство ќе создадеме стабилна основа за долгорочен развој и силно, достоинствено Скопје“, додава градоначалникот.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања