Промени тема
За нас
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески
Загрозениот Груби, трагедијата во Карпош, дрога, газда Деко/Пулс, Грчец и Шеваљ-Претрес со Ѓурчески

Ѓорѓиевски: Не дозволувам 100 згради во Расадник

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
20797-edna-godina-od-svieropoto-ubistvo-na-mladiot-fudbaler-janushev-ubiecot-e-se-ushte-na-sloboda

На овие избори со мојот тим настапуваме со сериозна програма со околу 70 проекти, кои се добиени во соработка со граѓаните, знаеме што му недостасува на нашиот народ и ние се обврзуваме да ги реализираме. Граѓаните ќе бидат на прво место и фокусот ќе биде насочен кон нив. Не влегуваме во оваа битка за провизии, туку да ги промениме состојбите во Кисела вода, изјави Орце Ѓорѓиевски, кандидат за градоначалник на ВМРО-ДПМНЕ за Општина Кисела Вода во дебата на Телма телевизија со останатите кандидати.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека еден од фокусот во мандатот ќе му биде зеленилото, но и заштита на Расадник каде вели дека за неговата иднина ќе одлучат граѓаните.

- Потпишав меморандум со здружението од Расадник, иницијативен одбор кој ги обедини сите граѓани и ветувам дека за Расадник ќе одиме со меѓународен конкурс за идејно решение, ќе составиме и тело каде ќе учествуваат и граѓаните и околните населби кои се засегнати и сите општествени чинители и сопствениците на плацевите. Граѓаните ќе одлучат како Расадник ќе изгледа, и тоа е последното парче слободен простор во Кисела Вода, тоа треба да се урбанизира, но не смее да се дозволи да се изградат 100 згради како што предвидуваше Темелковски, потенцираше Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој посочи дека покрај тоа ќе има и до 70 хектари зелени површини, бидејќи СДСМ целосно ја запостави Кисела Вода во однос на зеленилото.

- Сето она што го ветувам се обврзува да го реализирам, направена е анализа со домашни и меѓународни експерти, затоа ветуваме до 70 хектари зелени површини на територија на општина Кисела Вода преку изградба на нови современи паркови и нови рекреативни центри. Предвидуваме 2 рекреативни центри, едниот Света Петка и другиот во Драчево, рече Ѓорѓиевски.

Тој нагласи дека ќе се стави крај на нерамномерниот развој на општината бидејќи во овој момент некои делови изгледаат како да се во 19 век.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања