Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Нема толеранција за никого - изречени се казни на загадувачите во Скопје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 8 месеци -

Скопје
media-librarybpadjj0k1bf4aJ2k0gC
Скопје1.мк

Скопје изминативе денови се соочи со сериозно загадување на воздухот, при што, според податоците од државниот мониторинг, беше надминат дозволениот праг, состојба која наметна итна и решителна реакција, изјави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски.

„Како градоначалник, но и како граѓанин кој заедно со своето семејство го дише истиот воздух, немав право да молчам и да не постапам“, порача Ѓорѓиевски.

Тој информира дека во изминатите два дена биле спроведени засилени и координирани инспекциски надзори на терен, при што Инспекторатот за животна средина изрекол казни за правни лица кои ја загадуваат животната средина.

„Законот важи за сите. Оваа акција нема да застане тука – продолжуваме уште поинтензивно и уште поодлучно. Секој што го загрозува здравјето на граѓаните ќе биде санкциониран, без никаква толеранција“, нагласи градоначалникот.

— реклама —

Паралелно со репресивните мерки, Градот Скопје објави и сет препораки и мерки за заштита од загадениот воздух, кои веќе се применуваат и се јавно достапни за граѓаните. Според Ѓорѓиевски, тие се важен дел од заедничката борба за почист воздух.

— реклама —

Во својата изјава, тој ја поздрави и континуираната заложба на Владата на Република Македонија за подобрување на квалитетот на воздухот, наведувајќи ги Стратегијата за почист воздух 2024–2030, субвенциите за инвертер клими, поставувањето прочистувачи на воздух во градинките, пошумувањето, гасификацијата, изградбата на когенеративни централи и новите паркови со вградени прочистувачи.

„Борбата за почист воздух е заедничка. Апелирам до сите скопјани да се придржуваат до препораките и мерките – секој поединечен придонес е важен“, истакна Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој порача дека за надлежностите на Градот Скопје нема да има компромис.
„Ред мора да има. Законот ќе се спроведува, а здравјето на скопјани ќе биде наш апсолутен приоритет“, рече градоначалникот.

Граѓаните се повикуваат да пријавуваат потенцијални загадувачи на електронската адреса: prijavizagaduvachi@skopje.gov.mk.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryndi0d8e5mo6k0TnLzbH

Ѓорѓиевски со честитка за 8 Септември: „35 години независност, гордост и непокор“

Македонија | пред 5 дена

— реклама —
media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Склучен е договор за набавка на 3.300 нови контејнери

Скопје | пред 6 дена

media-library1ad3iak2398n9K6Jewi

Ѓорѓиевски: Нова ера во Скопје, набавуваме возила за Комунална хигиена, обезбедуваме нови претоварни станици

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryscsopl4enjij96BGN3a

Изгласан новиот ребаланс на буџетот: Нов мост и кружен тек во Сарај, нов влез во градот и нови улици

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања