Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Андреј Петров: Го менуваат Филипче, го враќаат Бранко? А Македонија? Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: Обезбедивме 70 километри патна инфраструктура, изградивме над 20 спортски терени и обезбедивме градинки за згрижување на сите дечиња во Кисела Вода

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 година -

Скопје
orce

На денешниот настан, Саем-Отчет под мотото „4 години работа за тебе“ свое обраќање на панел дискусијата имаше градоначалникот на Кисела Вода и кандидатот за градоначалник на Град Скопје, Орце Ѓорѓиевски, кој образложи што е направено изминатите 4 години за општината односно ги истакна клучните проекти кои се направени изминатиот период како вложувањето во патната инфраструктура, изградба на градинки, инвестирање во образованието со изградба на основни училишта и спортски терени, притоа истакнувајќи дека сето тоа искуство ќе го пренесе и за градот Скопје.

— реклама —

„Во минатото имавме еден затворен однос од институциите, ниту пак некој ни подаде рака различна е состојбата од кога се направија промени на централно ниво, откако претседателот Христијан Мицкоски е на чело на Владата на Република Македонија. Еден од најгорливите проблеми за нашето население во Кисела Вода, особено за младите брачни парови, беше недостатокот на места во градинките, ние ја наследивме општината со над 450 дечиња на листите на чекање. Во финална фаза ни е градинката во Потстаница, се потрудивме во изминатиот период да во секое населено место да обезбедиме објект во којшто ќе бидат згрижувани дечињата и практично листите од 450 ги сведовме на нула, што е сериозен прогрес. Што се однесува до основното образовани и инвестициите таму, во моментот сме во фаза на доградба на две основни училишта, каде што нашата интенција води кон тоа и од аспект по практично да биде за родителите но и од аспект на заштеди на институциите, особено за општината и основните училишта , да воведеме едносменско работење на сите основни училишта“, вели Ѓорѓиевскки.

— реклама —
— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека се изградени многу спортски терени и дека е направена модерна, современа патна инфраструктура како и дека е решен проблемот со дивеењето урбаната мафија во Расадник, со тоа што се поништени 99 маркици за градба.

„Повеќе од 20 спортски терени се изградени изминативе 4 години во општина Кисела Вода, во моментов се градат три нови спортски сали и четири се целосно реконструирани. 70 километри патна инфраструктура имаме за четири години во Кисела Вода, создадовме модерна современа патна инфраструктура и сите населени места бидат обезбедени со подземна инфраструктура, тоа подразбира водоводна и одводна мрежа. Она што претставуваше горлив проблем во минатото беше и дивеењето на урбаната мафија, јас бев еден од ретките кој што спроведе Меѓународен конкурс за идејно решение за деталниот урбанистички план во Расадник и поништивме 99 маркици за градба таму“, рече Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-librarykihm0ffcg7ks161AHl4

По децении чекање, почна реконструкцијата на улицата „Лазар Поп Трајков“ во Гази Баба, најави Ѓорѓиевски

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-libraryjmcfj28ferrj6CL7jhx

Околу 30.000 граѓани го чистеа Скопје, Ѓорѓиевски најави акции двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library6qvio439351v2RcbE1D

Ѓорѓиевски: Иднината на младите се гради со можности, поддршка и доверба

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryc3c7i09stp432oTwYh5

Над 400 оброци поделени за најранливите сограѓани по повод Светскиот ден на борба против сиромаштијата

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања