Промени тема
Контакт
Најнова епизода „Претрес“ на Владиката Петар: Томосот, кавгите, тарифите, парите за ТВ, политиката, контроверзиите Гледај на LANDOV.MK

„За секое дете безбедно да стигне на училиште и секој родител да се врати дома кај своето семејство“ – Ѓорѓиевски најави мерки за побезбеден сообраќај

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 14 минути -

Скопје
media-library1ummvqatdvtc0yeU0NS

Скопје има амбициозна цел до 2030 година да нема сообраќајни несреќи со смртни последици, а во рамки на најавените мерки е предвиден редизајн на 50 критични крстосници и улици. Ова го истакна градоначалникот Орце Ѓорѓиевски на втората Национална конференција за безбедност на патиштата.

Тој посочи дека целта е да се намали бројот на загинати и тешко повредени во сообраќајот за најмалку 50 отсто до 2030 година, додека Скопје ќе се стреми кон целосно искоренување на сообраќајните несреќи со смртни последици.

— реклама —

Меѓу планираните мерки се подобрување на осветлувањето, поставување јасна сообраќајна сигнализација и поврзување на пешачките и велосипедските патеки. Ѓорѓиевски најави дека приоритет ќе бидат и булеварот „Борис Трајковски“, мостот на „Љубљанска“ и клучката „Момин Поток“.

— реклама —

Градоначалникот го поздрави и проектот „Безбеден град“ на Министерството за внатрешни работи, оценувајќи дека евидентирањето на сообраќајните прекршоци придонесува за поголема дисциплина кај возачите.

Тој упати апел до сите учесници во сообраќајот да не ги користат телефоните додека возат и да ја намалуваат брзината пред пешачките премини.

— реклама —

„Ниту едно брзање не вреди повеќе од човечки живот“, порача Ѓорѓиевски.

— реклама —

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-libraryi0iol9vji9eg4iC06yR

(Видео) Ѓорѓиевски: Иднината на Скопје денес седи во училишните клупи и заслужува да го добие најдоброто од нас“

Скопје | пред 21 час

— реклама —
media-libraryak14s3jnbnprd6SJFaf

Илјадници граѓани се вклучија во акцијата за чистење на Скопје, Ѓорѓиевски најави продолжување двапати месечно

Скопје | пред 2 дена

media-library81s7fcqs3c8g94BPft2

Некој се офајдил од нафтата во ЈСП, тврди Ѓорѓиевски

Скопје | пред 4 дена

media-library7rgo5fb75oqa39AWj3v

Нови машини за подно чистење во скопските средни училишта, Ѓорѓиевски најави и две нови училишта

Скопје | пред 6 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања