Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Некој се офајдил од нафтата во ЈСП, тврди Ѓорѓиевски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 37 минути -

Скопје
media-library81s7fcqs3c8g94BPft2

Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) годинава заштедило околу половина милион евра за гориво, иако на градските улици сообраќаат повеќе автобуси отколку во претходните години. Ова го истакна градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, во вечерашното вклучување во живо на Фејсбук, посветено на Буџетот на Градот.

— реклама —

Според Ѓорѓиевски, кога ја презел градоначалничката функција, ЈСП располагало со 148 автобуси, додека сега на градските линии сообраќаат повеќе од 200.

— реклама —

„Имаме половина милион евра заштеда за гориво во услови кога имаме 50 автобуси плус пуштени во оптек. Јас кога станав градоначалник, во ЈСП функционираа 148 автобуси, денес сообраќаат на линиите над 200 автобуси, а имаме над половина милион евра заштеда, што значи дека некој дебело се офајдувал во минатото на сметка на нас, граѓаните“, изјави Ѓорѓиевски.

— реклама —

Тој посочи дека е воведена поголема контрола врз работењето на претпријатието, преку поставување ГПС-уреди во сите автобуси, возилата на јавните претпријатија и возниот парк на Градот Скопје. Поставени се и сонди за мерење на потрошувачката на гориво.

— реклама —

Ѓорѓиевски најави и дека наскоро се очекува пристигнувањето на 100 нови еколошки автобуси, кои, според него, ќе придонесат за подобрување на состојбите во ЈСП, поредовни линии и подобра организација на градскиот превоз.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library7rgo5fb75oqa39AWj3v

Нови машини за подно чистење во скопските средни училишта, Ѓорѓиевски најави и две нови училишта

Скопје | пред 2 дена

— реклама —
media-library7kbkbl83gih70F9lmze

По децении чекање, почна реконструкцијата на крак 38 од „Македонско-косовска бригада“

Скопје | пред 3 дена

media-libraryeoqtavflgv01fVX85jE

Ѓорѓиевски: „Скопје ја памети цената на својата слобода и никогаш нема да ги заборави оние што ја платија со својот живот“

Скопје | пред 1 седмица

media-libraryrb1o1o62hl279UE55Nx

Масовна акција за чистење на Скопје, над 30.000 учесници се вклучија во активностите

Скопје | пред 1 седмица

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања