Промени тема
Контакт
Најнова епизода Од „обид за убиство“ до врвот на СДСМ: „Претрес“ на Трифуновски за фештата, бегството, Алта Банка Гледај на LANDOV.MK

Масовна акција за чистење на Скопје, над 30.000 учесници се вклучија во активностите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 1 час -

Скопје
media-libraryrb1o1o62hl279UE55Nx

Повеќе од 30.000 граѓани се вклучиле во масовна акција за чистење на Скопје, која се одвивала на над 50 локации низ градот, соопшти Орце Ѓорѓиевски.

Тој истакна дека акцијата уште еднаш покажала колку може да се постигне кога граѓаните заеднички се ангажираат за почиста животна средина.

— реклама —

Ѓорѓиевски денеска бил на Водно, каде што заедно со ученици учествувал во собирањето отпад. Тој ја пофали нивната посветеност, нагласувајќи дека најмладите испратиле важна порака за одговорноста и грижата кон градот.

— реклама —

„Со секое подигнато парче отпад, овие деца одржаа голема лекција за одговорност, за совест и за љубов кон својот град. Нивниот пример заслужува и почит и следбеници“, порача Ѓорѓиевски.

Тој упати порака и до несовесните граѓани кои создаваат диви депонии, повикувајќи ги да го следат примерот на учениците и да придонесат за зачувување на чистотата.

— реклама —

„Наша должност е да им оставиме почист град“, нагласи Ѓорѓиевски, заблагодарувајќи им се на сите учесници во акцијата.

— реклама —

Тој најави дека активностите за чистење на Скопје ќе продолжат и во наредниот период, со уште поголемо учество на граѓаните.

„Скопје се сака со дела. А денес, илјадници луѓе го покажаа тоа“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-library09d767havqm88wdv3fI

Ѓорѓиевски и ОБСЕ им доделија признанија на професорите што ги поврзуваат младите преку заедничка настава

Скопје | пред 1 ден

— реклама —
media-library6rqr9p30u7hm7Fkl47X

Ѓорѓиевски на средба со швајцарскиот амбасадор за нови можности за развој и модернизација на Скопје

Скопје | пред 2 дена

media-librarysb1denuv2k2naXkzohy

Орце Ѓорѓиевски доби признание за поддршката во обновувањето на храмот „Свети великомаченик Димитриј“

Скопје | пред 3 дена

media-library0ku9c8ugju82f46k3Yv

Спречувањето на корупцијата во фокусот на средбата меѓу Ѓорѓиевски и ГРЕКО

Скопје | пред 5 дена

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања