Промени тема
Контакт
Најнова епизода Сведоштва за полициско шамарање во Охрид: Едниот натепан на паркинг, малолетник во нива | Претрес Гледај на LANDOV.MK

Ѓорѓиевски: По години негрижа, исчистен подвозникот кај поранешната стоковна куќа „Мост“

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 28 минути -

Скопје
media-libraryp52fnf4kjil5akF1IPK

Подвозникот на булеварот „Гоце Делчев“, кај поранешната стоковна куќа „Мост“, денеска бил темелно исчистен од екипите на Град Скопје, информираше градоначалникот Орце Ѓорѓиевски.

— реклама —

Како што посочи Ѓорѓиевски, подвозникот со години бил запоставен, а неговото чистење е важно не само за уредувањето на јавниот простор, туку и за безбедноста на сите учесници во сообраќајот.

— реклама —

Градоначалникот предупреди дека фрлањето отпад од автомобилите може да предизвика сериозни последици, особено за возачите кои се движат зад несовесните учесници во сообраќајот, како и за мотоциклистите.

— реклама —

Тој упати апел до возачите и сопатниците да не фрлаат отпадоци низ прозорците на возилата, нагласувајќи дека со едноставен гест може да се покаже почит кон другите учесници во сообраќајот и кон работниците кои секојдневно се грижат за чистотата на градот.

— реклама —

„Грижата за Скопје е секојдневна. Ние ќе продолжиме да го чистиме. Да го чуваме заедно!“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања