Промени тема
Контакт
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,
Вечер во Охрид со Ландов и Вик: Антониа Гиговска, Никола Станишиќ, градоначалникот Пецаков,

Ѓорѓиевски: Се чисти депонијата во Радуша, скопската вода е безбедна за пиење

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 часа -

Скопје
media-library3naf1o4n4e7sepY9bGM

Долгогодишната депонија во Радуша денеска се чисти во голема координирана акција, објави градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски. Според него, се отстранува површинскиот отпад од локацијата, околу која во изминатите денови се појавија тврдења дека би можела да биде загрозена водата од изворот „Рашче“.

Ѓорѓиевски повторно нагласи дека депонијата се наоѓа на неколку десетици километри од заштитената зона на изворот „Рашче“ и, како што наведува, не претставува основа за тврдењата што се ширеле во јавноста.

Иако чистењето на локацијата не е обврска на Град Скопје, градоначалникот вели дека градските служби се вклучиле во акцијата бидејќи, како што посочува, кога станува збор за здравјето и безбедноста на граѓаните, „нема туѓа надлежност“.

— реклама —
— реклама —

Ѓорѓиевски во објавата повторно уверува дека водата во Скопје е безбедна за пиење. Тој наведува дека секојдневно се вршат детални анализи во лабораторијата со која располага ЈП „Водовод и канализација – Скопје“ и оти резултатите, според него, не оставаат простор за паника и ширење страв меѓу граѓаните.

— реклама —

Во однос на информациите што предизвикаа вознемиреност во изминатите денови, градоначалникот соопшти дека лицата што, како што наведува, создале паника, веќе разговараат со надлежните органи.

„Скопје е безбедно и така ќе остане“, порача Ѓорѓиевски, додавајќи дека Градот ќе реагира секогаш кога станува збор за здравјето и безбедноста на скопјани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Сподели како слика

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања