Промени тема
Контакт
Од лекот за Ива Михаилова до Бошкоски, „Ровер“ и криминалот – Барбов и Раичевиќ во „Претрес“ Гледај на LANDOV.MK 2:44:14

Ѓорѓиевски: Скопје следната година ќе биде домаќин на Светското првенство во танц

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 3 седмици -

Скопје
media-library94kujltdtneofopVDYN

Скопје следната година ќе биде домаќин на Светското првенство во танц, објави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, по повод одржувањето на Европското првенство во танц во главниот град.

Во својата објава Ѓорѓиевски посочи дека во Скопје деновиве престојуваат повеќе од 2.900 танчери од 26 европски земји, кои учествуваат на Европското првенство.

— реклама —

Тој истакна дека му било чест да им се обрати на учесниците и да им посака добредојде во Скопје, оценувајќи дека градот во овие денови е место на кое се среќаваат различни култури и се создаваат нови пријателства преку љубовта кон танцот.

— реклама —
— реклама —

„А најубавата вест е дека нашата танцова приказна продолжува! Со особена гордост најавив дека следната година Скопје ќе биде домаќин и на Светското првенство во танц, големо признание за нашиот град и потврда дека Скопје има капацитет, енергија и амбиција да биде домаќин на најголемите меѓународни настани“, напиша Ѓорѓиевски.

Тој им посака на натпреварувачите успешни настапи и истакна дека се надева оти од Скопје ќе понесат убави спомени и желба повторно да го посетат градот.

„Добредојдовте во Скопје, во градот кој овие денови танцува заедно со Европа, а следната година ќе танцува со светот!“, порача Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор

Поврзани содржини

media-libraryd4ijest0bu6o7Ni9yvf

(Видео) Светско сребро за Македонија: Ања Јолакоска е вицешампионка во All Style Battles Adults на Светското првенство по хип-хоп и попинг

Македонија | пред 3 часа

— реклама —
media-library4htl56nofr84c8GuTyH

Скопје домаќин на светски танцов спектакл во октомври 2027 година: над 7.000 танчери од 40 држави доаѓаат во Македонија

Македонија | пред 2 седмици

media-libraryss92ctlf5bhh1My5x0s

(Видео) Европско злато за Македонија: македонските танчери блеснаа на Европското првенство во модерни танци и го освоија првото место

Македонија | пред 3 седмици

media-libraryjk1m664mlie8f00LOT6

Македонија блесна на Европското првенство по модерни танци во Скопје: Маша Станкович освои петто место

Македонија | пред 4 седмици

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања