Ѓорѓиевски: Скопското Кале ќе биде отворено за култура и уметност

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 часа -

Скопје
media-library2orpcsnqf7nv8q47Nur

Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршија обиколка и детална процена на локалитетот Скопско Кале. Целта е јасно согледување на актуелната состојба и реалните можности за понатамошно активирање на Калето во рамки на визијата „Скопје – Европска престолнина на културата“.

— реклама —

„Денес, заедно со министерот за култура и туризам Зоран Љутков, проф. д-р Драги Митревски и претставник од Управата за заштита на културното наследство, извршив обиколка и детален увид на локалитетот Скопско Кале, со цел јасно да ја согледаме актуелната состојба и реалните можности за негово понатамошно активирање во рамки на визијата Скопје – Европска престолнина на културата.

Како градоначалник на Град Скопје, имам јасна и недвосмислена цел која подразбира целосно отворање на просторот на Скопското Кале, негово внимателно, стручно и одговорно приспособување, и ставање во активна функција за културни и уметнички содржини, со апсолутно почитување на историските слоеви и автентичното културно наследство.

— реклама —

Низ светот постојат бројни позитивни примери каде објекти со силна историска и симболична вредност се целосно интегрирани во современиот културен живот како сцени за театар, музика, изложби и современи уметнички перформанси. Тие се живи простори во кои се води постојан дијалог меѓу античкото наследство, османлискиот период и современите уметнички изрази.

Токму ваквиот пристап овозможува не само заштита, туку и активна, смислена интерпретација на културното наследство.

Просторот добива нова, современа културна улога во служба на граѓаните, уметниците и посетителите на нашиот град.

Скопското Кале е еден од најзначајните културно-историски симболи на Скопје.

Тоа е сведок на нашата цивилизациска историја и нашата колективна меморија.

Неговата реафирмација е јавен интерес и обврска кон идните генерации, да им оставиме град кој го почитува минатото, а храбро ја гради својата културна иднина“, вели градоначалникот.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања