Промени тема
Контакт

Ѓорѓиевски: Засилени инспекции во Скопје – казни до 53 000 евра за загадувачи на воздухот

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 7 месеци -

Скопје
media-libraryhjsl26t2s10uanaA8sv

На вонредната седница на Советот на Град Скопје, градоначалникот Орце Ѓорѓиевски се осврна на проблемот со аерозагадувањето и најави конкретни мерки за негово намалување. Тој посочи дека во буџетот на Градот за 2026 година се предвидени 64 милиони денари за заштита на животната средина, што е за 40 милиони повеќе од лани, како и дополнителни 220 милиони денари за одржување на зелени површини и паркови.

Ѓорѓиевски нагласи дека загадувањето не е проблем кој се решава преку ноќ, но дека е обврска на Градот да дејствува за почист и поздрав воздух. Во последниот период, како што рече, се извршени засилени инспекциски контроли на индустриски капацитети, градилишта и јавни површини, со изречени казни од 1.000 до 53.000 евра, вклучувајќи прекршочни платни налози, решенија за задолжување и опомени.

— реклама —

Инспекторите вршеле надзори на поранешните фабрики ОХИС и Стаклара, како и во општина Сарај, при што десетици правни и физички лица биле казнети за неправилно одлагање отпад и палење. Контроли имало и на повеќе градилишта, при што се изречени казни за непочитување на времен режим на сообраќај и комунални прописи.

Претседателот на Советот, Даме Димитровски, посочи дека индустријата треба да примени европски практики во мерењето на загадувањето и јавноста на податоците, а градот и општините да ги зголемат инспекциските надзори.

— реклама —

Советниците истакнаа дека Градот мора да донесе спроведливи мерки кои навистина ќе дадат резултати, вклучувајќи дислокација на цементарницата „Усје“, забрана за стари дизел-возила под стандардот ЕУРО 4, субвенции за електрични возила и екофлоти за претпријатија.

— реклама —

Градоначалникот потсети дека досегашните заложби вклучуваат редовни и вонредни инспекции, решавање на сообраќајот, изградба на зелени коридори и соодветен третман на депониите, со цел Скопје да стане почист и поздрав град за сите граѓани.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика

Поврзани содржини

media-library62i40ngbjunp2g2oJVl

Ѓорѓиевски: Запуштената „ливада“ на плоштадот „Македонија“ станува зелена оаза

Скопје | пред 2 дена

media-library3naf1o4n4e7sepY9bGM

Ѓорѓиевски: Депонијата не е на територија на Скопје, водата за пиење е безбедна

Македонија | пред 1 седмица

media-libraryf54gh4n21g53cwbLZNz

Непозната материја од Лепенец се влева во Вардар

Скопје | пред 1 месец

media-library6av53lqj8nh76slIP1V

Ѓорѓиевски: Скопје добива 100 нови еколошки автобуси

Скопје | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања