Промени тема
Контакт
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот
Претрес на Слаткар: За Владо Јаневски, „предавник“ „платеник“, концертот на Илинден, филмот, животот

Ѓорѓиевски: Жителите да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на зградите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
skopje-sneg-2021

Градоначалникот на општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски преку социјалните мрежи ги информираше граѓаните дека покрај специјализираните возила за справување со снежното невреме, на располагање се ставени сите службени возила и целокупниот човечки потенцијал.

„Одржавме состанок со општинскиот кризен штаб за заштита и спасување од природни непогоди.

Она што сакам да ги информирам жителите на Кисела Вода, е дека покрај специјализираните возила за справување со снежното невреме, на располагање ги ставаме и сите службени возила и целокупниот човечки потенцијал. На состанокот беа донесени повеќе одлуки и мерки со цел заштита и помош на граѓаните.

Дефинирани беа критичните точки во општината и се направи план за мобилизација на дежурни тимови, кои навремено ќе реагираат и во текот на ноќта и во деновите кои следат, сѐ до стабилизација на временската состојба.

За очекуваните замрзнати јавни површини, обезбедени и поделени по месните и урбаните заедници, градинките и училиштата, се 400 вреќи со сол.

— реклама —

На располагање стојат неколку камиони специјализирани за чистење на снежните наноси, како и неколку општински трактори со кои ќе се чисти снегот на тесните улици, патеки и тротоари.

Покрај целокупниот човечки потенцијал, општина Кисела Вода на располагање на граѓаните ги става и сите службени возила. Имено, доколку имаат некаква итна потреба и заради временските услови се спречени да ја остварат, можат да се јават на телефонскиот број 075/309-548 (Далибор), да пишат на contact@kiselavoda.gov.mk или на фејсбук страницата на Општина Кисела Вода.

— реклама —

Нашите тимови координирано ќе излезат во пресрет на жителите и нивните неопходни потреби.

Ги повикуваме граѓаните да нѐ контактираат и доколку некаде е потребна дополнителна интервенција за расчистување на снежните наноси.

Упатуваме апел до деловните субјекти и сопствениците на јавни објекти на оваа територија за почитување на законската обврска за расчистување на снегот пред влезот на истите.

— реклама —

Воедно, се замолуваат исчистениот снег да не го фрлаат на улиците со што би ја отежнале работата на нашите служби.

Апелираме и до сите жители на оваа територија да го расчистат снегот пред своите дворови и влезовите на станбените згради и со тоа да овозможат проодност и непречен пристап до објектите“, вели Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања