Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

Ѓурчески за РСЕ: Две банди владеат со скопското подземје

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Скопје
kursumi-ubistvo-butel

Криминалните пресметки се борба за превласт во скопското подземје на две криминални групи, вели поранешниот полициски началник Љубомир Ѓурчески. Тој вели едната делува на територија Сарај- Грчец, а втората Чаир и Сингелиќ и се поврзани со политички партии. Партии без коментар за таквите обвинувања, објави  slobodnaevropa.mk. 

— реклама —

Две испразнети рамки од автоматско оружје и испукани 90 куршуми за убиство на една цел- Камер Идризи. На ова му претходеше упад на вооружени напаѓачи кои влеатаа со фантомки и во скопски хотел. Ова не се сцени од холивудски акционен филм. Ова се реални криминални пресметки за кои поранешните инспектори велат дека се поврзани и се одвиваат меѓу двете најголеми криминални банди кои владеат со македонското подземје.

— реклама —

Професорот и крим техничар Кебир Азвиу вели дека начинот на кој дејствувал убиецот, како го испланирал и реализирал убиството покажува професионализам.

— реклама —

„Но, бројот на испукани куршуми кон жртвата покажува гнев и одмазда, ова се индикации дека организацијата стои зад овие убиства и дека со ова се пренесува порака кон ривалната криминална група. Можело и со еден до два куршума да умртви човек, но веќе 90 испукани се гласна порака“ вели Азвиу.

Дополнително со овие настани ја поврзуваат и престрелката на скопската улица „Рузвелтова“ каде што беше убиен Наим Ајети, братот на познат скопски криминалец Џелал Ајети – Џељо, кој, пак, беше изрешетан во чајџилница во Сингелиќ пред пет години.

Текстот во целост на: slobodnaevropa.mk. 

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања