Промени тема
Контакт

Главен виновник за поплавите е АД Водостопанство, вели Трипуновски

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 4 години -

Македонија
bitola-poplavi

Денеска сум на покана на градоначалниците кои што се опфатени со поплавите извесен период, вели Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Разговаравме за сите можности кои што стојат на располагање, се советувавме како во наредниот период да не се повторат вакви ситуации и навремено да се превенираат.

— реклама —

Она пто морам да го потенцирам е дека еден од главните виновници за ова кое што се случи пред недела дена е АД Водостопанство на Република Македонија затоа што тоа е претпријатие кое што има законска обврска да се да се грижи за наводнување, но исто така и за одводнување на површините ширум Република Македонија, дали се работи за земјодлеските површини, или уредување на речните корита кои што се наоѓаат на нашата територија.

— реклама —

За жал сведоци бевме изминатите 5 години дека АД Водостопанство освен правење профит од нелегалниот ископ на чакалот од речните корита, луксузирање на државен трошок, практично ништо не се работеше и затоа денеска можеме да заклучиме дека вакви ситуации ни се случуваат.

— реклама —

Она то исто така сакам да го потенцирам е дека градоначалниците и на ваква иницијатива, и покрај тоа што изостана помошта од страна на централната власт успешно успеа да се справи со ваква ситуација и ова координација која ја наравија помеѓу себе и во иднина и во наредниот период се превенираат вакви ситуации, затоа што пред се граѓаните заслужуваат однос каков што треба, а не како што го практикува СДСМ во изминатите 5 години“, додава тој.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели како слика
Google Постави го Скопје1 за твој Google извор
Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања