Претрес за сите прашања за Сејф сити; Малтретирањето на осуденик во затвор; поврaтници зад решетки
TQPDHyhCrx0

„Главна тема им е загадувањето“ – Ѓорѓиевски со сомнеж за политичка кампања преку пожарите

Скопје1.мк's avatar
Автор: Скопје1.мк

објавено пред 2 месеци -

Скопје
orce-gjorgievski142

Орце Ѓорѓиевски, актуелен градоначалник на Кисела Вода и кандидат за градоначалник на Град Скопје од ВМРО-ДПМНЕ за претстојните локални избори беше гостин во „Утринско еспресо“ на Радио Лидер. Меѓу останатото, Ѓорѓиевски зборуваше за актуелните случувања околу пожарите.

— реклама —

„Ние имаме прво борба со нелуѓе коишто за да профитираат политички се во состојба да загрозат и човечки животи. Треба објективно да погледнеме. Тоа и претседателот на Владата го кажа вчера, кој од сето ова профитира, и на кого му одговара ваква состојба да го доведе народот во заблуда и ова да биде главна тема“, рече Ѓорѓиевски.

— реклама —

Ѓорѓиевски истакна дека доколку беше еден ваков случај, тогаш може да се прават разни претпоставки, но според него, иако тој додаде дека има институции надлежни за истото, истрагата треба да биде насочена и да се открие кој профитира од овие настани.

— реклама —

„Еве ако немаше на другите позиции материјален доказ, сега има материјален доказ. И евидентно е дека треба истрагата да оди во насока да се види на кого сето ова му одговара. Да се случеше еден случај ваков, и да имаше снимка од тој случај тогаш можеме ние разни претпоставки да имаме која е причината за сето тоа“ кажа Ѓорѓиевски и додаде:

„Последователно во период од 20 дена кадешто на одредени политички партии и групации, главна кампања им е загадувањето во Скопје за којшто имаа шанси години наназад да извлијаат и да ја подобрат состојбата. Тоа да им биде целодневна преокупација, и само за истото да говорат и да имаат по неколку јавни настапи, тогаш мислам дека јасно треба да ни е на сите. Само објективно согледувам кои се фактите и кој од ова може да профитира. На кого ова му оди во прилог“, заклучи Ѓорѓиевски.

Сподели

Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели
Сподели

Поврзани содржини

media-library8v0h8527to0d098gNZW

(Видео) „Претрес“ од Кочани: Каде заврши поддршката и човечноста?

Македонија | пред 1 месец

media-librarygab73dmql4hp9Lej5v6

(Видео) Низ солзи мајката на загинатиот Андреј: Дали мораше со трубачи и лепење пари да слави Венко Крстевски по првиот круг

Македонија | пред 1 месец

media-librarynuo60j7ue6fp1hN2yQO

(ВО ЖИВО) Димитриевски: Јас сум социјалдемократ а не вмровец, Заев е предавник

Македонија | пред 1 месец

media-librarykn5gubiuk2m18BYIP15

(ВО ЖИВО) Димитриевски: СДСМ е трговец поединец, Платформата за црвените линии на СДСМ е кукавично јајце

Македонија | пред 1 месец

Согласност за колачиња (cookies)

Нашата веб-страница користи колачиња за подобрување на корисничкото искуство и анализа на сообраќајот.

Дознај ексклузивно и прв

Прв ќе ги дознаваш ударните и вонредните случувања